Зимовка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зимовка
Pyrrhula pyrrhula -Lochwinnoch, Renfrewshire, Scotland-8.jpg
Мажјак во Шкотска.
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Ѕвингалки
Род: Pyrrhula
Вид: Зимовка
Биномен назив
Pyrrhula pyrrhula
(Linnaeus, 1758)

Зимовката (науч. Pyrrhula pyrrhula) е мала врапчевидна птица од фамилијата на ѕвингалките (Fringillidae). Распространета е низ Европа, вклучувајќи ја и Македонија и низ умерена Азија. Таа е претежно постојан жител, но многу од птиците од посеверните краишта мигрираат понајуг зиме.

Подвидови[уреди | уреди извор]

Зимовката има неколку подвида:[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Мажјак (десно) и женка

Зимовката е гломазна, робусна птица, со голема глава, долга 14.5-16 см. Горните делови на телото се сиви; пердувите за летање се црни, како и краткиот дебел клун, капата и лицето (кај возрасните) и опашката. Кај младенчињата овие делови се сивкавокафеави. Бело има на задникот и линија на крилјата, а одоздола, возрасните мажјаци се црвенопортокалови, а женките и младенчињата посветли кремавопортокалови.

Пеењето на оваа ненаметлива птица содржи мешавина од течни свирежи.

Однесување[уреди | уреди извор]

Живеалиштето на зимовката се мешаните шуми со некои иглолисни дрвја за гнездење, како и парковите и градините. Вон сезоната на парење не формира големи јата, и обично се гледаат во пар или семејна група.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Зимовката се храни главно со семиња и пупки од овошните дрвја, што може да го направи штетник во овоштарниците. Наесен и зиме ги фаворизира јасенот и глогот. [3]

Размножување[уреди | уреди извор]

Мажјак со младенче во Австрија
Pyrrhula pyrrhula europoea - јајца

Оваа птица своето гнездо го гради во грмушка, (по можност повеќе од четири метри висока и широка), голем џбун или дрво (смрека или елка). Сезоната на парење трае од мај до средината на јули кога еден пар може да има и до три легла. Во секое од нив женката несе 4-5 светлосини јајца со ситни темноцрвени точки. Ги инкубира 13-15 дена, а за тоа време мажјакот ја храни. Потоа обата родитела ги хранат пилињата со инсекти и семиња.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Pyrrhula pyrrhula. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 July 2012.  (англиски)
  2. „Eurasian Bullfinch“. Internet Bird Collection (HBW 15, p. 609). Lynx Editions. 2010. конс. 2012-07-01. 
  3. Dyda Ј, Symes N и Lamacraft Д (2009) Шумско управување со птици: водич за управување со шумите и приоритетните птици во Велс. The RSPB, Sandy and Forestry Commission Wales, Aberystwyth, ISBN 978-1-905601-15-8


Надворешни врски[уреди | уреди извор]