Пердув

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Варијција на пердуви

Пердуви се облик на кожни израстоци кои се развиени кај птиците и специфични само кај птиците. Пердувите се производ рожнатог слоја коже, слично како љушпи кај рептилите, на кои морофолошки најмногу наликуваат. Составени се од кератин, истоиот протеин кој ги прави косата и ноктите кај луѓето или рогови кај другите животни. Пердувите се сметаат како најсложени покривни делови кај 'рбетниците[1][2] и претставуваат вистински пример за коплексна еволутивна творба.[3] Тоа е една од карактеристиките по кои се разликуваат птиците од другите живи групи на животини.[4]

Иако пердувите покриваат поголем дел од телото на птицата, тие настануваат само на одредени, добро дефинирани, делови на кожата. Пердувите помагаат при летање, топлотна изолација и хидроизолација на телото. Покрај тоа, обоеноста на пердувите потпомага за комуникација и заштита на птицата.

Градба[уреди | уреди извор]

Секое перо се состои од основна гранка со која се поврзуваат илјада мали гранчиња кои се меѓеусебно поврзани така да прават мазна површина на пердувите. Мазната површина на пердувите на птиците му овозможува лесно да се движат низ воздух во лето. Типичен пердув на птица ги има следниве морфолошки делови: основните пердуви составуваат мустаќи, кои се на горниот дел на целоста и се викаат струк , на краевите на долниот дел составуваат шуплива цевка. На страната на мустаќите се наоѓа знаменце , поделено на внатрешен и надворешен дел. Составена е од бројни серии 1 ред , кои се меѓусебно поврзани со радиусот на вториот ред, меѓусебно поврзани со куки. Широкото знаме на перјата прави површина погодна за летање која штити од губење на топлината на телото.

Употреба[уреди | уреди извор]

Пердувите може да се користитат за полнење на перници, прекривачи, вреќи за спиење и сл. Исто така пердувите се користат за украсување,на пример делови од облеката, стрели, а во некои култури (американски староседелци) пердувите се користеле и за религиозни цели. Некогаш пердувите се користеле и за пишување (перо за пишување). Големите пердуви можат да се користат во лето како средство за ладење (лепеза).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Prum, Richard O. & AH Brush. The evolutionary origin and diversification of feathers. „The Quarterly Review of Biology“ том  77 (3): 261–295. doi:10.1086/341993. PMID 12365352. http://www.yale.edu/eeb/prum/pdf/Prum_n_Brush_2002.pdf. посет. 7. 7. 2010 г. 
  2. Prum, R.O.; Brush, A.H (1. 3. 2003 г). Which Came First, the Feather or the Bird?. „Scientific American“ том  288 (3): 84–93. doi:10.1038/scientificamerican0303-84. PMID 12616863. http://www.yale.edu/eeb/prum/pdf/Prum_n_Brush_2003.pdf. посет. 7. 7. 2010 г. 
  3. Prum, Richard O.. Development and Evolutionary Origin of Feathers. „Journal of Experimental Zoology (Molecular and Developmental Evolution)“ том  285 (4): 291–306. doi:10.1002/(SICI)1097-010X(19991215)285:4<291::AID-JEZ1>3.0.CO;2-9. PMID 10578107. http://www.ncsce.org/PDF_files/feathers/Prum%20feather.pdf. посет. 7. 7. 2010 г. 
  4. Li, Quanguo (9. 3. 2012), "Reconstruction of Microraptor and the Evolution of Iridescent Plumage", Science 335: 1215–1219, Bibcode:2012Sci...335.1215L, PMID 22403389, doi:10.1126/science.1213780  Check date values in: |date= (помош)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]