Голем северен нуркач
| Голем северен нуркач | |
|---|---|
| Мажјак | |
| Женка | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Гусковидни |
| Семејство: | Патки |
| Потсемејство: | Merginae |
| Род: | Mergus |
| Вид: | M. merganser |
| Научен назив | |
| Mergus merganser Linnaeus, 1758 | |
| Подвид | |
|
3 | |
| Range | |
| Синоними | |
|
Merganser americanus Cassin, 1852 | |

Голем северен нуркач (Mergus merganser) е вид птица од семејството патки. Ја има во Македонија. Една од најценетите птици-работнички во риболовот со птици на Дојранското Езеро[2]
Распостранетост
[уреди | уреди извор]Овој вид патки најмногу е распостранет во Европа, северна и Средна Азија и во Северна Америка.
Опис
[уреди | уреди извор]Долги се од 58 до 72 cm, а распонот на крилјата им е 78–97 см. Тешки се од 0,9 до 2,1 кг. Најчесто мажјаците се потешки од женките. Телото на мажјаците им е бело со розово, а грбот црн. Опашката им е сива, крилјата им се црно-бели, а главата им е црна со зелен сјај. Поголемиот дел од телото на женките е сив, а главата им кафено-црвена.
Живеалиште
[уреди | уреди извор]Тие живеат покрај длабоки езера, заливи и реки, а во зима живеат и во солените води.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Како и другите патки од нивниот род, се хранат во главно со риби, мекотели, ракови, црви, инсекти и водоземци, за кои нуркаад под вода. Нивните клунови лесно им овозможуваат ловење на пленот.
Размножување
[уреди | уреди извор]Женките почнуваат да ги одгледуваат малечките на две години, а гнездата им се наоѓаат во близина на водите, во шуплините на дрвата, пукнатините на карпите или кај корените на дрвјата. Женките обично несат 9-12 јајца, а инкубацијата трае од 28-35 дена. Најчесто после инкубацијата, мажјаците го напуштаат гнездото. На малечките им треба една недела за да научат да нуркаат, а потоа нивните мајки ги напуштаат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Mergus merganser“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Состојба со птиците во Македонија 2012
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Голем северен нуркач“ на Ризницата ? |
| „Mergus merganser“ на Викивидовите ? |
- Goosander videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection