Пердувеста кукумјавка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пердувеста кукумјавка
Aegolius-funereus-001.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Утковидни
Семејство: Утки
Род: Aegolius
Вид: Пердувеста кукумјавка
Биномен назив
Aegolius funereus
(Linnaeus, 1758)
Подвидови

7, види во текстот

Пердувестата кукумјавка (науч. Aegolius funereus) е мала утка. Таа спаѓа во „типичните утки“ на фамилијата Strigidae, која ги содржи повеќето видови утки. Се среќава и во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Младенче во Инсбрушката зоолошка градина

Пердувестата кукумјавка е долга 22-27 см со распон на крилјата 50-62 см. Таа кафеава одозгора, со бели дамки на рамењата. Одоздола е бела прошарана со надолжни линии со боја на ’рѓа. Главата е голема со жолти очи и бели фацијални дискови и со изглед на „изненаденост“. Клунот е светло жолт. [2] Летот е силен и директен. Младенчињата се чоколаднокафеави.

Однесување[уреди | уреди извор]

Пердувестата кукумјавка е несоцијална ноќна утка.[3]

Огласувањето на оваа утка е како звукот на мавтање со крилјата.[4]

Овој вид вообичаено не е птица преселница, но наесен значаен број се селат појужно. Таа не се оддалечува многу од местото на размножување, иако е тешко да се открие надвор од сезоната на парење, кога воопшто не се огласува.

Размножување[уреди | уреди извор]

Оваа птица се размножува во густите четинарски шуми низ северниот дел на Северна Америка и Евроазија, во планините како Алпите и Карпести Планини во Канада. Несе 3-6 јајца во дупка во дрво. Низ Европа, но и низ Азија и Америка, природнонаучниците и орнитолозите ставаат кутии за гнездење за оваа и другите мали утки.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Оваа мала утка претежно се храни со глодари, други мали цицачи, но и со птици и инсекти и други без’рбетници. Таа е ноќна птица, но понекогаш е принудена да лови и дење заради кратките ноќи летно време.

Смртност[уреди | уреди извор]

Познато е дека пердувестата кукмјавка живее над 16 години. Бидејќи е ова мала утка, таа често е ловена од страна на поголемите, како и од други предатори, што го скратува нејзиниот просечен животен век.

Подвидови[уреди | уреди извор]

Пердувестата кукумјавка има 7 подвида:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Aegolius funereus. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 July 2012.  (англиски)
  2. Bull, Farrand (1994). National Audubon Society Field Guide to North American Birds: Eastern Region. New York: Alfred A. Knopf. стр. 554. ISBN 0-679-42852-6. 
  3. The Owl Pages. [1], Retrieved on May 10, 2013
  4. Boulder County Nature Association. [2], Retrieved on May 10, 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]