Мраморна патка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мраморна патка
Marbled Teal (Marmaronetta angustirostris) RWD2.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Потсемејство: Aythyinae
Род: Marmaronetta
L. Reichenbach, 1853
Вид: Мраморна патка
Биномен назив
Marmaronetta angustirostris
(Menetries, 1832)
Marmaronetta angustirostris

Мраморната патка (Marmaronetta angustirostris), е средна по големина и спаѓа во видот на нуркачки патки. Овие патки живеат во голем број на Медитеранот, но сега најчесто ги има во јужна Шпанија, северозападна Африка и во Израел. На исток живееат во мочуриштата на Месопотамија на југ во Ирак и во Иран ова се најважните живеалишта за овој вид патки, но, исто така, ги има на изолирани места во Турција, Ерменија, Азербејџан, Ирак и далеку на истокот во западна Индија и западна Кина[1]. Ги има и во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Мраморната патка е долга од 39 до 42 сантиметри. Возрасните се бледо песочно-кафена боја со сиви дамки, темни очни капаци и влакнеста глава. Малечките се слични со појаки сиви дамки. Во лет крилјата се светли, без карактеристичите дамки. [2]

Однесување[уреди | уреди извор]

Мраморните патки се друштвени птици дури и во време на гнездење. Вон сезоната на парење јатата се мали, но се забележани и големи јата кои се подготвуваат за преселба.[2] Во 2011 ирачките орнитолози забележале јато од дури 40 000 птици.[3]

Живеалиште и исхрана[уреди | уреди извор]

Мраморната патка живее во пар или во мали јата во мочурливи предели, езера и бавни реки со густа вегетација. Се исхрануваат нуркајќи, но многу малку се знае за нивната исхрана.[2]

Размножување[уреди | уреди извор]

Овие патки се гнездат на земја каде што ги несат јајцата во високи треви и големи дрвја. Можат да снесат од 7 до 10 јајца.

Статус[уреди | уреди извор]

Мраморните патки станаа ранлива категорија поради намалување на нивниот број заради ловот. На нив се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2008). Marmaronetta angustirostris. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2008. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 14 November 2008.  (англиски) Database entry includes a range map and justification for why this species is vulnerable.
  2. 2,0 2,1 2,2 David William Snow, Christopher Perrins (Eds) (1997). The Birds of the Western Palearctic [Abridged]. OUP. ISBN 0-19-854099-X. 
  3. Walker, Matt. „Restoring Eden“, „BBC News“, 18 јануари 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]