Црн ибис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црн ибис
Plegadis falcinellus Syracuse.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Пеликановидни
Семејство: Ибиси и лажичарки
Род: Ибиси
Вид: Црн ибис
Биномен назив
Plegadis falcinellus
Карл Лине, 1766
Plegadis falcinellus

Црниот ибис или блескав ибис (Plegadis falcinellus) е широко распространета птица од фамилијата ибиси. Го има во Македонија.

Oпис[уреди | уреди извор]

Црниот ибис е средно голема птица, долга од 48-66 см, со распон на крилјата од 80 до 105 см.[2][3] Тежат од 485 до 970 грама. Возрасните птици се темнокафеави со бронзен и зелен метален одблесок. Младите се кафеави без одблесок, на главата и вратот поседуваат бела нијанса која исчезнува кај возрасните.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Широко е распространет во Евроазија, Африка, Австралија, Северна Америка. Презимува во Африка и Азија, каде се храни од плитките води со калливо дно обраснати со трска, понекогаш на оризовите полиња и влажните ливади.

Начин на живеење[уреди | уреди извор]

Живеат во слатки и слабосолени водни басени, широки блата, естуари, плитки потопени и влажни ливади.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Црниот ибис се исхранува со водни без‘рбетници - водни инсекти, пијавици, дождовни црви; понекогаш со риби и водоземци.

Размножување[уреди | уреди извор]

Црниот ибис се гнезди во густи колонии заедно со други птици - чапји лажичарки, пеликани, чапји.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Plegadis falcinellus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Glossy ibis videos, photos and facts – Plegadis falcinellus. ARKive. Посетено на 2013-03-05.
  3. Hancock, Kushlan & Kahl (1992). Storks, Ibises, and Spoonbills of the World. Academic Press. ISBN 978-0-12-322730-0.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]