Прејди на содржината

Тенкоклуна српоклуна шлука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тенкоклуна српоклуна шлука
Илустрација од 1830
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Numenius
Вид: Тенкоклуна српоклуна шлука
Научен назив
Numenius tenuirostris
Vieillot, 1817

Тенкоклуната српоклуна шлука (научNumenius tenuirostris) е крајбрежна птица од семејството на мочварките (Scolopacidae). Таа се размножува во мочуриштата и тресетиштата во тајгата на Сибир, и е птица преселница, која порано презимувала во плитките слатководни живеалишта околу Средоземјето. Овој вид може да заскита во западниот дел на Европа, на Канарски Острови, Азори, Оман, Канада и Јапонија.

Тенкоклуна српоклуна шлука (во центар) меѓу шарени српоклуни шлуки

Тенкоклуната српоклуна шлука е мала крајбрежна птица, со должина од 36 до 41 см, со распон на крилјата 77-88 см. Таа е колку шарената српоклуна шлука во големина, но перјето ѝ е послично на малата српоклуна шлука. Возрасната птица за време на сезоната на парење е претежно сивкавокафеава одозгора, со белкав долен дел од грбот и под опашката. Кај слабините има округли или срцевидни дамки. Вон сезоната на парење перјето е слично, но со помалку дамки кај слабините. Мажјаците и женките се слични, со тоа што женките имаат подолг клун, што придонесува меѓу половите да нема конкуренција при исхраната. Перјето на младенчињата е многу слично со тоа на возрасните, но дамките им се прошарани со кафеави линии, а срцевидните декорации им се појавуваат кон крајот на првата зима.

Споредено со малата српоклуна шлука, оваа шлука е побела на градите, опашката и под крилјата; и клунот ѝ е пократок, потенок и малку поправ во основата. Стреловидните декорации на слабините кај малата српоклуна шлука се различност од срцеликите кај оваа.

Овој вид е побел од останатите слични видови, и е бел под крилјата, што е основа за препознавање и разликување.

Се огласува со куур лии, слично како малата српоклуна шлука, но со повисок тон, помелодично и пократко. Тревожниот повик е брзо куу-ии.

Поведение

[уреди | уреди извор]

Малку се знае за размножувањето на оваа птица, но малкуте гнезда што се набљудувани имале по 4 јајца.

Се храни користејќи го долгиот клун за сондирање во меката кал и земја каде наоѓа мали безрбетници, но исто така, ќе собере мали животинки од површината ако ѝ се пружи можност. Таа редовно се собира во големи јата вон сезоната на парење, понекогаш и со други видови, а особено со малата српоклуна шлука.

Слика од 1866 од C R Bree

По долг период на постојан пад на популацијата, тенкоклуната српоклуна шлука е многу ретка, а популацијата и натаму ѝ опаѓа. Ова значи дека има помалку од 50 возрасни птици, со не повеќе од две или три потврдени видувања во последните пет (броејќи од 2007). Како резултат на тоа, оваа птица се смета за критично загрозен вид. Тоа е првиот европски вид кој најверојатно ќе стане исчезнат, по големиот пингвин кој изумрел пред околу 150 години.

Се смета дека основната причина за ваквата ситуација е интензивниот лов на зимувалиштата на Средоземјето, губење на живеалиштата за зимување.

Последно добро документирано гнездо на оваа птица било 1924 во Сибир (57°N 74°E / 57° СГШ; 74° ИГД / 57; 74).[2] Оттогаш, иако се трага по нив, местата за размножување не можат да им се пронајдат (но не е чудно кога се однесува на 100.000 км² за претрага).

Во поблиско минато, 20 птици се забележани во Италија 1995. А (4–7 мај 1998) едно младенче старо 1 година било забележано во Англија.[3]

Како и да е, птиците сè уште постојат, но се верува дека нивниот број не е поголем од вкупно 50 возрасни, а и тој број опаѓа, и најверојатно има само една група.

  • Hayman, Peter; Marchant, John & Prater, Tony (1986): Shorebirds: an identification guide to the waders of the world. Houghton Mifflin, Boston. ISBN 0-395-60237-8
  • Svensson, Lars; Zetterström, Dan; Mullarney, Killian & Grant, P. J. (1999): Collins bird guide. Harper & Collins, London. ISBN 0-00-219728-6
  • Identification of Slender-billed Curlew, John Marchant, British Birds 77: 135-140.
  • Slender-billed Curlew studies, Richard Porter, British Birds 77: 581-586.
  • Habitat of Slender-billed Curlews in Morocco, Arnoud van den Berg, British Birds 83: 1-7.
  • Slender-billed Curlew in Tunisia in Feb 1984, Eddy Wijmengs & Klaas van Dijk, Dutch Birding 7: 67-68.
  • Slender-billed Curlews in Morocco in Feb 1979, Peter Ewins, Dutch Birding 11: 119-120.
  • Identification of Slender-billed Curlew and its occurrence in Morocco in winter 1987/88, Arnoud van den Berg, Dutch Birding 10: 45-53.
  • Slender-billed Curlew on Sicily in March 1996, Andrea Corso, Dutch Birding 18: 302.
  • Slender-billed Curlew collected at Canis-vliet in September 1896, Gunter De Smet, Dutch Birding 19: 230-232.
  • The identification of the Slender-billed Curlew, British Birds Vol 56 No8 1963
  1. BirdLife International (2012). Numenius tenuirostris. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Gretton, Adam; Yurlov, Alexander K. & Boere, Gerard C. (2002): Where does the Slender-billed Curlew nest, and what future does it have? British Birds 95(7): 334-344 ISSN 0007-0335 HTML abstract Архивирано на 8 ноември 2017 г.
  3. Cleeves, Tim (2002): Slender-billed Curlew in Northumberland: new to Britain and Ireland. British Birds 95(6): 272-299 (2002) ISSN 0007-0335 HTML abstract Архивирано на 31 мај 2016 г.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]