Прејди на содржината

Мала српоклуна шлука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мала српоклуна шлука
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Numenius
Вид: Мала српоклуна шлука
Научен назив
Numenius arquata
(Linnaeus, 1758)

Малата српоклуна шлука (науч. Numenius arquata), кај нас позната и како мал српоклун свиркач, или народно шлука југајца е најраспространетата крајбрежна птица која се размножува низ умерена Европа и Азија, ја има и во Македонија.

Мажјак во лет. Забележи ја „острата опашка“ формирана од нозете

Во својот ранг, ова е најголема птица, со должина од 50 до 60 см, распон на крилјата од 89 до 106 см и тежина од 410 до 1360 грама.[2] Претежно е сивкавокафеава и има многу долг свиен клун. Мажјаците и женките се идентични, освен што клунот на женките е малку подолг. Во принцип, тешко е да се распознае полот на птицата, освен кога се пар и се размножуваат.

Повикот на оваа птица е гласно карлу-у.

Единствен вид што е сличен на оваа птица е шарената српоклуна шлука (N. phaeopus). Шарената е помала и има пократок клун кој е искривен повеќе на крајот отколку што е целиот свиен. При лет, нозете на птицата се споени наназад и формираат „остра опашка“.

Малата српоклуна шлука е птица преселница која зимува во Африка, јужна Европа и јужна Азија. Повремено некои птици заскитуваат и излегуваат од вообичаениот опсег.[3]

Птицата е претежно внимателна и плашлива. Се собира во големи јата вон сезоната на парење, а се храни сондирајќи со клунот во меката земја барајќи мали безрбетници, но собира и мали ракчиња и црви од површината, ако има прилика.

Гнездо со јајца

Гнездото е мала вдлабнатинка во тајгата, ливадата, или слично живеалиште. Несат 3-6 јајца во април или мај кои се инкубираат околу 1 месец.

Nа оваа птица се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Порано беше класифицирана во категоријата на најмала загриженост, но сомнежите се дека е поретка отколку што се мислеше. Следејќи ја бројноста на птицата се заклучи дека е тоа неточно, и сега е во категоријата на речиси загрозен вид од 2008. Иако е вообичаена птица, нејзиниот број е во опаѓање.

  1. BirdLife International (2012). Numenius arquata. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  3. Wiles et al. (2000, 2004)
  • Natural History Museum of Nova Scotia (NHMNS) (1998): Birds of Nova Scotia – Eurasian Curlew Архивирано на 28 август 2008 г.. Retrieved 2008-MAY-23.
  • Wiles, Gary J.; Worthington, David J.; Beck, Robert E. Jr.; Pratt, H. Douglas; Aguon, Celestino F. & Pyle, Robert L. (2000): Noteworthy Bird Records for Micronesia, with a Summary of Raptor Sightings in the Mariana Islands, 1988–1999. Micronesica 32(2): 257–284. PDF fulltext Архивирано на 23 април 2013 г.
  • Wiles, Gary J.; Johnson, Nathan C.; de Cruz, Justine B.; Dutson, Guy; Camacho, Vicente A.; Kepler, Angela Kay; Vice, Daniel S.; Garrett, Kimball L.; Kessler, Curt C. & Pratt, H. Douglas (2004): New and Noteworthy Bird Records for Micronesia, 1986–2003. Micronesica 37(1): 69–96. HTML abstract Архивирано на 5 мај 2009 г.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]