Цуцулеста сипка
Цуцулеста сипка | |
---|---|
![]() | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчарки |
Семејство: | Сипки |
Род: | Гривести сипки |
Вид: | Цуцулеста сипка |
Биномен назив | |
Lophophanes cristatus Linnaeus, 1758 |
Цуцулестата сипка (латински: Lophophanes cristatus, порано Parus cristatus), е песнопојна птица од семејството сипки. Птицата е мошне распространета и често живее и се размножува во зимзелени шуми ширум средна и северна Европа, како и листопадни шумски предели во Франција и Пиринејскиот Полуостров. Во Велика Британија, птицата е ограничена само на древните борови шуми во Инвернес и Стратспи во Шкотска, и од таму ретко излегува. Неколку заскитани цуцулести сипки се видени и во Англија. Цуцулестата сипка ја има и во Македонија. Оваа птица живее на постојано место и највеќето единки не одат на преселба.
Оваа сипка е лесно препознатлива по издигнатата цуцулка, нејзиниот подвиткан врв, како и по карактеристичниот црн оглавник и исправена линија кон клунот. Како и другите сипки, цуцулестата сипка е зборлива, со постојан пој (помош·инфо) „ци, ци, ци“, сличен на појот на еловата сипка.
Оваа птица се гнезди во дупки на гнили пенушки. Честопати се храни долу ниско во дрвјата и, иако не е повлечена, не секогаш може да ѝ се пријде лесно. Зиме се придружува во јата со сипки од други видови.
Како и други сипки, оваа сипка се храни со инсекти, гасеници и семки.
Занимливости[уреди | уреди извор]
Цуцулестата сипка е еден од симболите на шведската покраина Вестманланд.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Parus cristatus“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 12 мај 2006.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Видеоснимки на цуцулести сипки на Интернет збирката на птици (англиски)
- Песна на цуцулестата сипка
- Старосен и полов развој (PDF) од Хавиер Бласко-Зумета Архивирано на 26 декември 2011 г. (англиски)
Галерија[уреди | уреди извор]
![]() |
„Цуцулеста сипка“ на Ризницата ? |