Покраини во Шведска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Покраините во Шведска (швед. landskap) се историски, географски и културни области. Во земјата има 25 покраини, кои денес немаат никаква политичко-административна функција, туку претставуваат културно-историска оставнина од минатото.

Сè до 1634 неколку од нив административни единици во составот на Шведска, но потоа биле заменети со окрузи (län). Некои подоцна биле освоени од Данска–Норвешка. Други, како историските покраини во Финска, засекогаш отпаднале од Шведска. Лапонија е единствената покраина стекната со колонизација.

Во некои случаи окрузите речиси наполно соодветствуваат на покраините. Ова е случај со округот и покраината Блекинге, како и округот, покраината и општината Готланд. Иако границите не им се совпаѓаат сосема, Херједален е единствената општина, заедно со Готланд, што носи име на покраина. Административните единици подложат на менување на нивните граници, додека пак покраините ги зафаќаат истите подрачја со векови.

Покраини[уреди | уреди извор]

Грб Име Изворно
Покраините во Шведска
Покраините во Шведска
Блекинге Blekinge
Бохуслен Bohuslän
Вермланд Värmland
Вестерботен Västerbotten
Вестерјетланд Västergötland
Вестманланд Västmanland
Готланд Gotland
Даларна Dalarna
Далсланд Dalsland
Еланд Öland
Естерјетланд Östergötland
Јемтланд Jämtland
Јестрикланд Gästrikland
Лапонија Lappland
Меделпад Medelpad
Нерке Närke
Норботен Norrbotten
Онгерманланд Ångermanland
Седерманланд Södermanland
Сканија Skåne
Смоланд Småland
Упланд Uppland
Халанд Halland
Хелсингланд Hälsingland
Херједален Härjedalen

Историја[уреди | уреди извор]

Покраините во Шведска од 1658 до 1809

Покраините водат потекло од малите кнежевства кои постепено потпаднале под власта на кралот на Шведска за време на обединувањето на земјата. Сè до донесувањето на државниот закон на кралот Магнус Ериксон (1350), секоја покраина имала свои закони и свое собрание (thing), што значи дека уживале целосна самоуправа. Историските провинции биле војвотства, но новоосвоените територии добивале статус на војвотства или грофовии, зависно од нивната поединечна важност.

Од сите освојувања извршени по одделувањето од Калмарскиот сојуз (1523), само некои биле придодадеи како како покраини. Најтрајните територии Шведска ги добила со Роскилдскиот мировен договор (1658), со постепеното припојување на поранешна данска Сканија (покраините Сконе, Блекинге, Халанд и Готланд) заедно со норвешките области Бохуслен, Јемтланд и Херједален. Други територии биле под шведска власт два до три века пред да влезат во самата Шведска. Во периодот од 1814 до 1905 Норвешка била во личен сојуз со Шведска, но никогаш не станала дел од неа.

Според некои историчари, покраините како замисла повторно заживеале во XIX век.[1]

Краишта во Шведска[уреди | уреди извор]

Шведска историски се делела на четири краишта (lands):

Јеталанд и Свеаланд пред 1000 г. се состоеле од ситни кнежевства. Главно племе во Геталанд биле Гетите; најзначајно племе во Свеаланд биле Свеите (Шведи). Под „Норланд“ се подразбирале сите неистражени северни предели. Естерланд во Финска бил составен дел од Шведска, но во 1809 бил припоен кон Русија како Големо кнежевство Финска, за во 1917 да стане независна држава - Финска. Границите на овие области неколкупати се менувале, па затоа Норланд, Свеаланд и Јеталанд се само делови од Шведска, како колектив од покраини.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jacobsson, Benny (2000). „Konstruktion av landskap. Exemplet Uppland Архивирано на 2 февруари 2009 г.“. Idéhistoriska perspektiv. уред. Ingemar Nilsson, Arachne 16, Гетеборг 2000, стр. 109-119. проверено на 20 октомври 2006 (шведски)