Готланд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Готланд
Gotland
Gutland

Грб
Готланд се наоѓа во Готланд
Готланд (Готланд)
Географија
Местоположба Балтичко Море
Координати 57°30′ СГШ 18°33′ ИГД / 
Површина 3.183,7 км2
Земја
Округ Готланд
Општина Готланд
Најголем град Висби (нас. 22.236[1])
Демографија
Население 57.221[2] (2009)
Густина 18,25 /км2
Народности Готланѓани, Швеѓани

Готланд (швед. изг. [ˈɡɔtˈland] ( слушнете), гутн. Gutland) е округ, покраина и општина[3] во Шведска. Ова е најголемиот остров во Шведска и најголем остров во Балтичкото Море. Со површина од 3.140 км², областа на Готланд зафаќа помалку од 1% од територијата на Шведска. Тука спаѓаат и помалите острови Форе и Готска Санден на север, како и мали островчиња на запад, вклучувајќи ја групата Карлсе (Лила и Стура). Самиот остров Готланд зафаќа површина од 2.994 км², а покраината зафаќа 3.183,7 км² (3.151 км² копнена површина без реки и езера).[4] Населението брои 57.221 жители,[2] од кои 22.200 живеат во административниот центар Висби.[1] Главни стопански гранки се туризмот, земјоделството и производството на бетон од локалниот варовник.

Управа[уреди]

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Меѓутоа, поради островскиот карактер на покраината, административниот округ (län) Готланд и општината (kommun) Готланд покриваат иста територија како самата покраината.

Географија[уреди]

Карта на Готланд

Административен центар на округот и општината е градот Висби. Населението брои 22.200 жители[1] или 25 од вкупното население на островот.

Готланд се наоѓа 90 км источно од шведското копно и околу 130 км од балтичките држави (од кои најблиску е Латвија). Иако Готланд е еден остров, историската покраина ги опфаќа и околните острови кои делат една иста култура:

Недалеку од морскиот брег има неколку плитки езера, од кои најголемо е Бестетреск, во северниот дел на островот. Најпопуларни плажи на Готланд се Тофта и Хундфрија. Највисока точка е Лојста Хед, на 82 м надморска височина.

Историја[уреди]

Рунскиот камен од Турсетра (U 614), поставен во спомен на еден кралски даночник.

Домороден народ на островот биле Гутите, за кои има наоди уште од праисторијата. Уште в ораниот дел од историјата, Готланд станал трговски центар, а градот Висби бил најважен балтички град на Ханзата.

Во преданието „Гутасага“ се зборува за населувањето на островот од Тјелуар и неговите потомци. Во сагата се вели дека една третина од населението морало да се пресели во јужна Европа, што соодветствува на историјата на Готите. Некои историчари сметаат дека Готланд е изворната татковина на Готите.

Градскиот ѕид на Висби, близу северната порта.

Градот Висби во средновековието бил под засебна управа. Во 1288 избувнала граѓанска војна предизвикана од судирите помеѓу германските трговци и селаните со кои тргувале, која престанала по интервенција на кралот Магнус III. Во 1361, данскиот крал Валдемар IV го зазел островот. Во 1394 Готланд бил окупиран од Виталското Братство кое се утврдило во свое упориште во Висби. На крај Готланд станал лено на Тевтонските витези, доделено под услов да ја истераат оваа пиратска дружина. Во 1398 островот го зазела војската на Тевтонскиот ред, која го уништила градот и ги истерала Виталските Браќа. Во 1409 големиот мајстор на Тевтонскиот редот, Улрих фон Јунгинген, воспоставил гарантиран мир со склучвањето на Калмарската унија, продавајќи ѝ го островот на кралицата Маргарета I.

Култура[уреди]

Средновековниот град Висби е прогласен за светско наследство на УНЕСКО. Највпечатливи се бедемите околу стариот дел на градот, кои датираат од времето на Ханзата.

Во минатото жителите говореле на свој гутниски јазик, но денес се зборува шведско наречје познато како готландски дијалект (Gotländska).

Готланд е познат по своите 94 средновековни цркви,[5] кои денес се реставрирани и во активна употреба. Присутни се два главни стила: романескниот и готскиот. Постарите цркви, изградени во периодот 1150–1250 се романескни. Поновите се изградени во готски стил, кој уживал популарност меѓу 1250 и 1400 г.

Симболот „валкнут“ е најприсутен во Готланд.

На островот опстојуваат традиционални игри од викиншко време како „куб“, „перк“ и „варпа“. Овие игри по обичај се играат по повод летната долгоденица (Иванден), но и едноставно како рекреација во текот на летото.

Старогерманскиот симбол „валкнут“ фигурира на голем број наоди како насликани камења и натписи. Од сите места во Европа, овој симбол е најприсутен во Готланд. Најпознати примери се каменот Стура Хамарс I и Тенгелгордскиот камен. На островот има и илјадници камења со таинствени жлебови за кои се верува дека имале улога во набљудување на небото.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]