Халанд

Координати: 56°45′N 13°00′E / 56.750° СГШ; 13.000° ИГД / 56.750; 13.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Халанд
Halland
Знаме на Халанд Halland
ЗемјаШведска
КрајЈеталанд
ОкругХаланд
Површина
 • Вкупна4,796 км2 (1,852 ми2)
Население (2009)[1]
 • Вкупно303,895
 • Густина63/км2 (160/ми2)
Народ
 • Наречјахаландско
јетамол
сканиско
Култура
 • Цветжолтика
 • Животнолосос
 • Птицасив сокол
 • Рибалососи
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.Повик. бр.
Повик. бр.0300
0340–0346
0430

Халанд (швед. Halland) е традиционална покраина (landskap) на западното крајбрежје на Шведска. Се граничи со покраините Вестерјетланд, Смоланд, Сканија и заливот Категат.

Управа[уреди | уреди извор]

Покраините во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Управата е во рацете на окрузите. Во случајот на оваа покраина, подрачјето што го зафаќа е речиси истоветно со она на административниот округ Халанд, со помали делови во окрузите Вестра Јеталанд и Сканија.

Населението на Халанд брои 303.895 жители, од кои 287.668 живеат во округот Халанд, 13.980 во Вестра Јетланд и 2.247 во Сканија.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Низ покраината течат реките Лаган, Етран, Нисан и Вискан, а потоа се влеваат во заливот Категат. Халанд има плодна почва и развиено земјоделство.

Историја[уреди | уреди извор]

Во бронзено време Халанд доживеал развој, за што сведочат бројните нови населби и археолошки наоди. Пронајдени се над 1.100 могили и погребалишта од ова време.

Во средниот Халанд бил данска покраина и претрпел многу воени судири во натпреварот помеѓу Шведска, Данска и (во извесна мера) Норвешка за превласт над Скандинавија. Големиот број на војни ја осиромашиле и разориле покраината, како на материјален, така и на општествен план. Развојот престанал бидејќи населението не гледало причина да вложува во нешто што набргу ќе се опустоши.

Во 1645 Халанд ѝ припаднал на Шведска со одредбите на Вториот договор од Бремсебру, но ова траело само три децении. Во 1658 покраината трајно ѝ припаднала на Шведска под условите на Роскилдскиот мировен договор. Последната битка во Халанд се одиграла во Филебру на 17 август 1676, за време Сконската војна.

Во XX покраината доживеала една од најголемите стапки на развој во Шведска, а по Втора светска војна бројот на населеието се удвоил. Ова се должи делумно на фактот што северните делови како Кундсбака и Онсала станале предградија на Гетеборг.

Градови[уреди | уреди извор]

Ова се поголемите населени места во Халанд со бројот на жители:[2]

Култура[уреди | уреди извор]

Наречјата што се говорат во Халанд збирно се нарекуваат халандски (halländska), но впрочем се двојат на две групи. На северот се говори варијанта на јеталандскиот говор, а на југ е застапен сканискиот говор.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Варбершка тврдина (Varbergs fästning) - тврдина во Варберг од XIII век, со надградба на ѕидините во XV век

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Статистички податоци - Централна статистичка служба (шведски)
  2. „Површина на населените места, населеност и број на жители на км2 2005 2010 г.“. Централна статистичка служба. 14 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-27. Посетено на 10 јануари 2012. (шведски)
  • Kungsvägen genom Halland - Bidrag till halländsk kulturhistoria och underlag för vägminnesvårdsprogram. Stellan Haverling. 1996. Gothenburg: Vägverket

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

56°45′N 13°00′E / 56.750° СГШ; 13.000° ИГД / 56.750; 13.000