Упланд
| Упланд Uppland | ||
|---|---|---|
| ||
| Земја | Шведска | |
| Крај | Свеаланд | |
| Окрузи | Упсала Стокхолм | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 12,813 км2 (4,947 ми2) | |
| Население (2009)[1] | ||
| • Вкупно | 1,433,020 | |
| • Густина | 0,11/км2 (0,29/ми2) | |
| Народ | ||
| • Наречја | уплендски стокхолмски | |
| Култура | ||
| • Цвет | змиска глава | |
| • Животно | белоопашест орел | |
| • Птица | — | |
| • Риба | болен | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Упланд (шведски: Uppland) — историска покраина (landskap) на источното крајбрежје на Шведска, севернно од главниот град Стокхолм. Се граничи со покраините Седерманланд, Вестманланд и Јестрикланд како и со езерото Меларен и Балтичкото Море. На малиот ненаселен остров Меркет во Балтикот има крајно мала и чудно обликувана копнена граница со финската автономна покраина Оланд.
Управа
[уреди | уреди извор]Традиционалните покраини во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Главниот административен округ (län) на покраината е Упсала, кој зазема најголем дел од територијата. Меѓутоа, најголем број од населеннието живее во округот Стокхолм. Мали делчиња од покраината влегуваат во окрузите Вестманланд, Јевлеборг и Седерманланд.
Географија
[уреди | уреди извор]Населени места
[уреди | уреди извор]Факти
[уреди | уреди извор]- Највисоко место:: Упландсбергет (117 м)
- Најголемо езеро: Меларен
- Архипелаг: Руслаген
- Национални паркови: Енгсе, Фернебофјерден
Население
[уреди | уреди извор]Упланд има 1.433.020 жители. Жителите се распоредени во следниве окрузи:[1]
| Округ | Население |
|---|---|
| Стокхолм, делумно | 1.101.238 |
| Упсала, делумно | 330.683 |
| Вестманланд, делумно | 1.099 |
Историја
[уреди | уреди извор]Покраината Упланд за првпат јасно се споменува како таква во 1296, заедно со нејзините тогашни составни делови Фјердхундраланд, Атундаланд, Тиундаланд и Руслаген. Главниот град Стокхолм бил поделен на две покраини. Јужната половина му припаѓа на Седерманланд, а северната во Уплан.
Култура
[уреди | уреди извор]Археолошкото наоѓалиште Бирка и замокот Дротнингхолм се прогласени за светско наследство на УНЕСКО.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Упланд - Централна статистичка служба (шведски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Упланд - туристички портал
- Упланд Архивирано на 9 февруари 2004 г. - туристички информации
| ||||||||||||||||
|
