Меделпад
| Меделпад Medelpad | ||
|---|---|---|
| ||
| Земја | Шведска | |
| Крај | Норланд | |
| Округ | Вестернорланд | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 7,058 км2 (2,725 ми2) | |
| Население (2009)[1] | ||
| • Вкупно | 123,397 | |
| • Густина | 17/км2 (45/ми2) | |
| Народ | ||
| • Наречје | норлендско | |
| Култура | ||
| • Цвет | смрека | |
| • Животно | планински зајак | |
| • Птица | крстоклун | |
| • Риба | костреш | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Меделпад (швед. ⓘ) е историска покраина (landskap) во северниот дел на Шведска. Се граничи со покраините Хелсингланд, Херједален, Јемтланд, Онгерманланд и Ботнискиот Залив.
Покраината е дел од крајот Норланд и како таква се смета за Северна Шведска, иако географски е сместена во средината на земјата. Интересно е што името на покраината не се однесува на ова, туку на фактот што најголемиот дел е сместен помеѓу реките Јунган и Индалселвен.
Управа
[уреди | уреди извор]Традиционалните покраини во Шведска немаат административна и политичка улога, туку претставуваат културно-историски целини. Меделад го опфаќа јужниот дел на административниот округ Вестернорланд.
Географија
[уреди | уреди извор]Покраината е на просечна надморска надморска височина од 200-300 м. Највисока планина е Микелмирберјет (577 м). Околу 500 км2 отпаѓа на водни површини. Најголемо езеро е Холмхен, на 200 м надморска височина, проследено од Леринген на приближно иста висина.
Околу покраината се протегаат две позначајни реки: Јунган and Индалселвен.
Историја
[уреди | уреди извор]Во минатото, единственото населено место со статус на град е Сундсвал, доделен во 1624. Сундсвал и денес е најголемиот град во покраината, со 50.000 жители. Меделпад има вкупно 120.000 жители.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Крајбрежјето на Ботнискиот Залив, наречено Висок Брег (Höga kusten), е прогласено за светско наследство на УНЕСКО. Тлото се искачува по еден сантиметар годишно, како последица од последното Ледено доба кое траело сè до VII милениум п.н.е.
Култура
[уреди | уреди извор]Симбол на покраината е планиснкиот зајак, иако поголема популарност ужива измисленото животно сквадер (мешавина од зајак и тетреб).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Меделпад - Централна статистичка служба (шведски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Средна Шведска Архивирано на 26 април 2006 г. - туристички портал на Меделпад и Онгерманланд
| ||||||||||||||||
