Централна статистичка служба (Шведска)
Изглед
| Централна статистичка служба | |
|---|---|
| Statistiska centralbyrån | |
| Зградата на службата во Еребру. | |
| Податоци за органот | |
| Седиште | Стокхолм и Еребру |
| Вработени | ~1.400 (2008)[1] |
| Раководител | Стефан Лундгрен (генерален директор) |
| Матично одделение | Министерство за финансии |
| Мрежно место | |
| scb.se | |
Централната статистичка служба (швед. Statistiska centralbyrån или SCB, меѓунар. име: Statistics Sweden) е владина агенција во Шведска задолжена за добивање, обработка и објавување на статички податоци во земјата. Службата датира од 1686 кога црковните парохи почнале да прибираат и евидентираат податоци за населението. Претходник на сегашната установа е Службата за табели (Tabellverket), основана во 1749. Денешното име е усвоено во 1858 г.
Агенцијата има околу 1.400 вработени. Сместена е во два града: Стокхолм и Еребру.[1] Установата објавува и службен статистички билтен.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Централна статистичка служба (Statistiska centralbyrån)“. Национална енциклопедија на Шведска., посет. 14 јуни 2011 г (шведски) (бара претплата)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница (шведски)
| Оваа статија поврзана со Шведска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|