Прејди на содржината

Даларна

Координати: 60°52′N 14°44′E / 60.867° СГШ; 14.733° ИГД / 60.867; 14.733
Од Википедија — слободната енциклопедија
Даларна
Dalarna
Знаме на Даларна Dalarna
ЗемјаШведска
КрајСвеаланд
ОкругДаларна
Јевлеборг
Јемтланд
Вермланд
Површина
 • Вкупна29,086 км2 (11,230 ми2)
Население (2009)[1]
 • Вкупно276,505
 • Густина9,5/км2 (25/ми2)
Народ
 • Наречједаларнско
Култура
 • Цветѕвонче
 • Животнобув
 • Птица
 • Рибапиор
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Даларна (швед. Dalarna) или Далекарлија — историска покраина (landskap) во средна Шведска.

Се граничи со покраините Херједален, Хелсингланд, Јестрикланд, Вестманланд и Вермланд. На запад се граничи со Норвешка.

Името на покраината значи „долини“. Ова е популарно летно одредиште за жителите од југот поради добриот риболов, убавите кампови и густите шуми. Побогатите имаат викендички. Лете во селата и градовите се одржуваат разни слави и фестивали со народни игри. Покраината има богата историја и свои зачувани обичаи и наречје. Во историјата жителите на Даларна биле познати по вековниот стремеж за независност.[2]

Покраините во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Во случајот на покраината Даларна, управните граници на округот Даларна се речиси исти како покраинските, освен дел од северизападниот дел на Хамра (Орша Финмарк), која влегува во состав на округот Јевлеборг.

Географија

[уреди | уреди извор]

Во средината на покраината се наоѓа езерото Силјан. Поважни реки се Вестердалелвен и Естердалелвен, кои се влеваат во поголемата река Далелвен.

Низ севердниот дел од покраината се протега дел од Скандинавските Планини. Пределите се планински и имаат многу леднички езера. Јужниот дел е рамничарски и има неколку рудника. Најзастапен метал е бакарот.

Највисока точка е планината Стурветешогна (1204 м), а најниската точка (55 м) се наоѓа во југоисточниот дел.

Даларна ги опфаќа следниве градови:

Други места

[уреди | уреди извор]

Национални паркови

[уреди | уреди извор]
Џиновски далски коњ во центарот на Авеста.

Историја

[уреди | уреди извор]

Покраината Даларна била дел од крајот Свеаланд пред обединувањето на Шведска (XI век).

Во покраината започнале три значајни буни:

Жена од Лександ во носија (1911)

Даларна има богата и карактеристична народна култура со својствена музика, живопис и ракотворби. Тука рунското писмо се задржало најдолго од сите места во Шведска - сè до XIX век.[3]

Познат симбол на покраината е „далскиот коњ“ (Dalahäst) кој е изделкан од дрво, а потоа се бои и украсува. Поднебјето е особено погодно за одгледување на коњи бидејќи почвата е богата со калциум.

Помеѓу Селен и Мура, секоја година се одржува скијачката трка „Васалопет“ (Vasaloppet = „Васина трка“), која е најдолгата светот (90 км). Трката се одржува во чест на бегството на Густав Ериксон (подоцна крал Густав I Васа) од данската војска во 1520.

Рударското подрачје Стура Копаберг („Голема Бакарна Планина“) во Фалун е прогласено за светско наследство на УНЕСКО.

Познати личности

[уреди | уреди извор]
  1. Податоци за населението - Централна статистичка служба (шведски)
  2. 2,0 2,1 „Даларна“ Архивирано на 4 септември 2006 г., стр. 764 - Encyclopaedia Britannica 1911 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „enc1911“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-22. Посетено на 2011-07-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Даларна - туристички портал (шведски) (англиски)

60°52′N 14°44′E / 60.867° СГШ; 14.733° ИГД / 60.867; 14.733