Вермланд (округ)
Вермланд Värmlands län | |||
---|---|---|---|
Округ | |||
Земја | Шведска | ||
Админ. центар | Карлстад | ||
Управа | |||
• Управник | Ева Ериксон | ||
• Совет | Окружен совет на Вермланд | ||
Површина | |||
• Вкупна | 17.583 км2 (6,789 ми2) | ||
Население (31 март 2011)[1] | |||
• Вкупно | 272.773 | ||
• Густина | 16/км2 (40/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
БДП (ном.) | 59.497 милиони круни (2004) | ||
БДП/жит | 217.000 круни | ||
NUTS | SE311 |
Вермланд (швед. Värmlands län) е округ (län) во западниот дел на средна Шведска. Се граничи со окрузите Даларна, Еребру и Вестра Јеталанд во Шведска и норвешките окрузи Естфол, Акерсхус и Хедмарк на запад. Административен центар е Карлстад.
Покраина
[уреди | уреди извор]Историската покраина Вермланд ги има истите граници како денешниот округ, освен општините Карлскуга и Дегерфорс, кои му припаѓаат на округот Еребру.
Управа
[уреди | уреди извор]Округот е основан во 1779 со негово одделување од округот Нерке и Вермланд.
Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.
Окружниот совет на Вермланд (Landstinget i Värmland) е задолжен за здравството и јавниот превоз.
Општини
[уреди | уреди извор]- Арвика
- Еда
- Грумс
- Карлстад
- Кил
- Кристинехамн
- Мункфорс
- Орјенг
- Сефле
- Стурфорс
- Суне
- Турсби
- Филипстад
- Форшага
- Хагфорш
- Хамаре
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Окружен административен одбор на Вермланд (шведски)
- Окружен совет на Вермланд (шведски) (англиски)