Јеншепинг (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јеншепинг
Jönköpings län
Округ
Грб на Јеншепинг
Грб
Лого на Јеншепинг
 
Земја Шведска
Админ. центар Јеншепинг
Управа
 • Управник Мино Ахтарзанд
 • Совет Окружен совет на Јеншепинг
Површина
 • Вкупна 10.475 km2 (4,044 sq mi)
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно 337.013
 • Густина 32/km2 (83/sq mi)
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП (ном.) 79.761 милиони круни (2004)
БДП/жит 243.000 круни
NUTS SE211

Јеншепинг (шведски: Jönköpings län) — округ (län) во јужниот дел на Шведска. Се граничи со окрузите Халанд, Вестра Јеталанд, Естерјетланд, Калмар и Крунуберг. Административен центар е градот Јеншепинг.

Покраини[уреди | уреди извор]

Историските покраини во Шведска немаат административно и политичко значење. Округот Јеншепинг е сместен во северниот дел на покраината Смоланд. Во 1999 кон округот се придодадени и општините Хабу и Мулше, кои ѝ припаѓат на покраината Вестрерјетланд

Управа[уреди | уреди извор]

Пред неговото осамостојување во 1687, округот Јеншепинг повремено се припојувал кон округот Крунуберг.

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.

Политика[уреди | уреди извор]

Окружниот совет на Јеншепинг (Landstinget i Jönköpings län) е надлежен за здравството и јавниот превоз.

Општини[уреди | уреди извор]

Jönköping County.png
  1. Анеби
  2. Вагерид
  3. Вернаму
  4. Ветланда
  5. Гиславед
  1. Гноше
  2. Екше
  3. Јеншепинг
  4. Мулше
  5. Несше
  1. Севше
  2. Транос
  3. Хабу

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]