Готланд (округ)
| Готланд Gotlands län | |||
|---|---|---|---|
| Округ | |||
| |||
| Земја | Шведска | ||
| Адм. центар | Висби | ||
| Управа | |||
| • Управник | Сесилија Шелин Сејдегорд | ||
| • Совет | Општина Готланд | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 3.184 км2 (1,229 ми2) | ||
| Население (31 март 2011)[1] | |||
| • Вкупно | 57.203 | ||
| • Густина | 18/км2 (47/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
| БДП (ном.) | 12.154 милиони круни (2004) | ||
| БДП/жит | 212.000 круни | ||
| NUTS | SE214 | ||
Готланд (швед. Gotlands län) е округ (län) во Шведска. Самиот остров Готланд е најголемиот во земјата и е сместен во Балтичкото Море, источно од поблискиот остров Еланд. Окрузите во Шведска обично се делат на општини, но округот Готланд е единствен во државата што има само една општина (Готланд) и нема окружен совет. Задачите на окружниот совет ги врши општината. Ова главно подразбира здравство и јавен превоз. Меѓутоа округот има окружен административен одбор, кој е државен орган. Одборот и општината се сместени во најголемото населено место на островот — градот Висби (22.000 жители).
Покраина
[уреди | уреди извор]Округот во Шведска е чисто административна единица наменета за политичко-управни цели. Поранешната покраина Готланд ја опфаќала истата површина од 3184 км2 [2] (3151 км2 без езера и реки).
Управа
[уреди | уреди извор]Административниот одбор го назначува владата и има за цел да усогласува да го сообразува управните работи со државните политички цели на земјата зацртани во парламентот и владата, да ги застапува интересите на округот, да го развива, да определува негови сопствени цели и да ги контролира правните работи. На чело на административниот одбор стои гувернер.
Готланд е единствениот округ во земјата што нема окружен совет и што има само едена општина и еден повикувачки број.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)
- ↑ Статистички годишник на Шведска 2009 (шведски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Административен одбор на округот Готланд (шведски)
- Општина Готланд Архивирано на 13 август 2010 г. (шведски) (англиски)