Прејди на содржината

Вестра Јеталанд (округ)

Координати: 58°13′01″N 11°44′00″E / 58.217025° СГШ; 11.733398° ИГД / 58.217025; 11.733398
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вестра Јеталанд
Västra Götalands län
Округ
Грб на Вестра ЈеталандЛого на Вестра Јеталанд
 
ЗемјаШведска
Админ. центарГетеборг
Управа
 • УправникЛарс Бекстрем
 • СоветРегионален совет на Вестра Јеталанд
Површина
 • Вкупна23.945 км2 (9,245 ми2)
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно1.581.850
 • Густина66/км2 (170/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
БДП (ном.)386.538 милиони круни (2004)
БДП/жит376.900 круни (2010)
NUTSSE232

Вестра Јеталанд (шведски: Västra Götalands län) — округ (län) на западното крајбрежје на Шведска.

Овој округ е втор по населеност во земјата. Поделен е на 49 општини (kommuner). Населението брои 1.550.000 жители, или 17% од населението на Шведска. Административен центар е градот Гетеборг.

Основан е во 1998, со спојување на окрузите Елвсборг, Гетеборг и Бохус и Скараборг.

Покраини

[уреди | уреди извор]

Окрузите во Шведска имаат поголемо значење од покраините. Првите се административно-политички и статистички единици, додека пак вторите имаат само историско значење.

Поради големината и неговото неодамнешно формирање, округот Вестра Јеталанд нема свои обележја и наследство како целина. Културно-историски знајачни се покраините што ги опфаќа: Вестерјетланд, Бохуслен и Далсланд. Во округот влегува и значен дел од покраината Халанд.

Соседни окрузи

[уреди | уреди извор]

Вестра Јеталанд се граничи со окрузите Вермланд, Еребру, Естерјетланд, Јеншепинг и Халанд. Долж границата со Норвешка, Вестра Јетланд се граничи со окугот Естфол, езерата Ветерн и Венерн и протокот Скагерак.

Основан е во 1998, со спојување на окрузите Елвсборг, Гетеборг и Бохус и Скараборг. Седиште на управникот е градот Гетеборг, додека пак политичката управа е сместена во Венерсборг. Управникот стои на чело на Окружниот административен одбор (Länsstyrelse).

  1. Але
  2. Алингсос
  3. Бенгтсфорс
  4. Болебигд
  5. Бурос
  6. Вара
  7. Венерсборг
  8. Воргорда
  9. Гетеборг
  10. Гетене
  11. Гресторп
  12. Гулспонг
  13. Далс-Ед
  14. Екере
  15. Есунга
  16. Ју
  17. Карлсборг
  18. Киселил
  19. Кунгелв
  20. Лерум
  21. Лидшепинг
  22. Лила Едет
  23. Лисешил
  24. Мариестад
  25. Марк
  26. Мелеруд
  1. Мелндал
  2. Мункедал
  3. Омол
  4. Оруст
  5. Партиле
  6. Свенљунга
  7. Стенунгсунд
  8. Стремстад
  9. Сутенес
  10. Танум
  11. Теребода
  12. Тибру
  13. Тидахолм
  14. Транемо
  15. Тролхетан
  16. Удевала
  17. Улрисехамн
  18. Фалшепинг
  19. Фергеланда
  20. Хара
  21. Хевде
  22. Херида
  23. Херљунга
  1. „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

58°13′01″N 11°44′00″E / 58.217025° СГШ; 11.733398° ИГД / 58.217025; 11.733398