Еребру (округ)
| Еребру Örebro län | |||
|---|---|---|---|
| Округ | |||
| |||
| Земја | Шведска | ||
| Админ. центар | Еребру | ||
| Управа | |||
| • Управник | Роз-Мари Фребран | ||
| • Совет | Окружен совет на Еребру | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 8.519 км2 (3,289 ми2) | ||
| Население (31 март 2011)[1] | |||
| • Вкупно | 280.305 | ||
| • Густина | 33/км2 (85/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
| БДП (ном.) | 61.203 милиони круни (2004) | ||
| БДП/жит | 224.000 круни | ||
| NUTS | SE124 | ||
Еребру (швед. Örebro län) е округ (län) во средна Шведска. Се граничи со окрузите Вестра Јеталанд, Вермланд, Даларна, Вестманланд, Седерманланд и Естерјетланд.
Покраина
[уреди | уреди извор]Окрузите во шведска се управни единици, додека пак покраините се подрачја од културно-историско значење. Округот Еребру го опфаќа Нерке, западната половина од Вестманланд, мали делови од источен Вермланд и северозападен Вестерјетланд.
Управа
[уреди | уреди извор]Сè до 1779 округот го носел името „Нерке и Вермланд“, по што Вермланд се отцепил како посебен округ.
Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.
Окружниот совет на Еребру (Örebro läns landsting) е задолжен за здравството и јавниот превоз.
Општини
[уреди | уреди извор]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Окружен административен одвор на Еребру (шведски)