Халанд (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Халанд
Hallands län
Округ
Грб на Халанд
Грб
Лого на Халанд
 
ЗемјаШведска
Админ. центарХалмстад
Управа
 • УправникЛарс-Ерик Левден
 • СоветОкружен совет на Халанд
Површина
 • Вкупна5.454 км2 (2,106 ми2)
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно299.606
 • Густина55/км2 (140/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
БДП (ном.)61.339 милиони круни (2004)
БДП/жит221.000 круни
NUTSSE231

Халанд (шведски: Hallands län)округ (län) на западното крајбрежје на Шведска. Територијата приближно се совпаѓа со културно-историската покраина Халанд. Административен центар е Халмстад.

Се граничи со окрузите Вестра Јеталанд, Јеншепинг, Крунуберг, Сконе и заливот Категат.

Покраина[уреди | уреди извор]

Историската покраина Халанд ги има речиси истите граници како денешниот округ, освен дел од општината Хилте, која ѝ припаѓа на покраината Смоланд.

Управа[уреди | уреди извор]

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.

Окружниот совет на Халанд (Landstinget Halland) е задолжен за здравството и јавниот превоз.

Општини[уреди | уреди извор]

Halland County.png

Населени места[уреди | уреди извор]

Еве ги петте најголеми населени места во округот Халанд:[2]

бр. Место Население
1 Халмстад 55.688
2 Варберг 26.041
3 Фалкенберг 18.972
4 Кунгсбака 17.784
5 Онсала 11.375

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]



Координати: 56°43′00″ СГШ; 12°49′16″ ИГД / 56.716566° СГШ; 12.821045° ИГД / 56.716566; 12.821045