Стокхолм (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 59°20′N 18°10′E / 59.333° СГШ; 18.167° ИГД / 59.333; 18.167

Стокхолм
Stockholms län
Округ
Грб на Стокхолм
Грб
Лого на Стокхолм
 
ЗемјаШведска
Админ. центарСтокхолм
Управа
 • УправникКатарина Кемпе
 • CouncilОкружен совет на Стокхолм
Површина
 • Вкупна6.488 км2 (2,505 ми2)
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно2.063.945
 • Густина320/км2 (820/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
БДП (ном.)669.900 милиони круни (2004)
БДП/жит482.500 круни (2010)
NUTSSE110

Стокхолм (швед. Stockholms län) e округ (län) на балтичкото крајбрежје на Шведска. Се граничи со окрузите Упсала и Седерманланд. Излегува и на езерото Меларен и Балтичкото Море. Административен центар е градот Стокхолм, главен град на државата. Округот го сочинуваат историските покраини Упланд (Руслаген) и Седерманланд (Седертерн). Во округот живее над 15 од населението во земјата. Округот воедно претставува и статистичка област (riksområden) според номенклатурата на NUTS во рамките на ЕУ.

Историја[уреди | уреди извор]

Округот Стокхолм е формиран во 1714. Градот Стокхолм претставувал посебна административна единица под раководство на „надуправник“ и не бил дел од округот. Административен центар на округот бил самиот град Стокхолм, иако не бил дел од него.

На 1 јануари 1968 градот и округот се обединиле и границите претрпеле извесни измени.

Општини[уреди | уреди извор]

Municipalities of Stockholm.png
  1. Бутширка
  2. Ваксхолм
  3. Валентуна
  4. Вермде
  5. Дандерид
  6. Екере
  7. Естерокер
  8. Јерфела
  9. Лидинге
  1. Нака
  2. Никварн
  3. Нинесхамн
  4. Нортелје
  5. Салем
  6. Седертелје
  7. Сигтуна
  8. Солентуна
  9. Солна
  1. Стокхолм
  2. Сундбиберг
  3. Теби
  4. Тиресе
  5. Упландс Весби
  6. Упландс-Бру
  7. Ханинге
  8. Худинге


Управа[уреди | уреди извор]

Сè до 1968 во округот не спаѓал градот Стокхолм. Со градот раководела Службата на надуправникот, а во округот влегувале само околните рурални подрачја.

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник. Стокхолм има и окружен совет.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]