Калмар (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Калмар
Kalmar län
Округ
Грб на Калмар
Грб
Лого на Калмар
 
ЗемјаШведска
Админ. центарКалмар
Управа
 • УправникСвен Линдгрен
 • СоветОкружен совет на Калмар
Површина
 • Вкупна11.171 км2 (4,313 ми2)
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно233.168
 • Густина21/км2 (54/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
NUTSSE213

Калмар (шведски: Kalmar län) — округ (län) во јужниот дел на Шведска. Се граничи со окрузите Крунуберг, Јеншепинг, Блекинге и Естерјетланд. На исток во Балтичкото Море се наоѓа островскиот округ Готланд.

Окрузите во шведска се управни единици, додека пак покраините се подрачја од културно-историско значење. Округот Калмар географски го зафаќа источниот дел на покраината Смоланд и целиот остров Еланд.

Култура[уреди | уреди извор]

Голем дел од подрачјето наречено Стура Алварет е прогласен за светско наследство на УНЕСКО. Јужниот дел на Еланд е живеалиште на разни ретки видови. Меѓу археолошките знаменитости на Еланд се вбројува ранопалеолитската населба Алби, гробиштата Гетлинге и тврдината Екеторп. На островот се наоѓа и природниот резерват Отенби.

Управа[уреди | уреди извор]

Сè до 1672 територијата на округот Калмар била дел од округот Крунуберг. Помеѓу 1680 и 1683 Блекинге бил дел од Калмар поради поморската база во Карлскруна.

Управата (Landshövding) на округот е сместена во градот Калмар. На чело на окружниот административен одбор (Länsstyrelse) стои управникот. Моментално таа функција ја извршува Свен Линдгрен.

Од 1997 општините и окружниот совет соработуваат преку посредно управуваниот Регионален совет на Калмар. Овој совет ги застапува регионалните интереси во однос на развој, раководи со планирањето на инфраструктурата, високото образование, културни проблематики и инвестиции.

Општини[уреди | уреди извор]

Kalmar Municipalities.png

Копнени:

На Еланд:

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Координати: 56°44′N 15°54′E / 56.733° СГШ; 15.900° ИГД / 56.733; 15.900