Краиштата во Шведска (швед.landsdelar, „делови од земјата“) се историски делови од Шведска кои денес претставуваат три целини од покраини. Тие не се сметаат за административни единици и немаат никаква управна функција. Најчесто се среќаваат во временска прогноза карти бидејќи се сметаат за метеоролошки целини. Имињата им се присутни како дел од називите на статистички области.[1]
Четвртиот традиционален крај на Шведска е Естерланд (Österland). Крајот бил составен дел од Шведска, но во 1809 бил припоен кон Русија како Големо кнежевство Финска, за во 1917 да стане независна држава - Финска.