Вестерботен
| Вестерботен Västerbotten | ||
|---|---|---|
| ||
| Земја | Шведска | |
| Крај | Норланд | |
| Округ | Вестерботен | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 15,093 км2 (5,827 ми2) | |
| Население (2009)[1] | ||
| • Вкупно | 210,679 | |
| • Густина | 14/км2 (36/ми2) | |
| Народ | ||
| • Наречје | норландско | |
| Култура | ||
| • Цвет | вошливка | |
| • Животно | српоклун свиркач | |
| • Птица | полска еја | |
| • Риба | змиулка | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Вестерботен (швед. ⓘ) или Западна Ботнија е покраина (landskap) на северот на Шведска. Се граничи со покраините Онгерманланд, Лапонија, Норботен и Ботнискиот Залив. Позната е по своето сирење кое го носи името на покраината.
Управа
[уреди | уреди извор]Традиционалните покраини во Шведска немаат административна или политичка функција, туку постојат само како културно-историски целини. Административниот округ Вестерботен се состои од сета истоимена покраина и јужниот дел на шведска Лапонија.
Географија
[уреди | уреди извор]Вестерботен се дели на градови и реони.
Градови
[уреди | уреди извор]Највисока планина е Омлиден (550 м), а најголемо езеро е Бигдетрескет (29,2 км2)
Историја
[уреди | уреди извор]
Сè до завршувањето на Финската војна (или Руско-шведска војна) од 1808-1809 и Фредриксхамнскиот мировен договор, покраината Вестерботен опфаќала и мал дел од денешна Финска. Потоа тој дел ѝ припаднал на финска Лапонија.
Во 1810 округот Вестерботен е поделен на два дела. Северниот дел го добил името Норботен. Потоа мештаните во Норботен почнале да се нарекуваат Норботјани. Вака исцртаните граници постепено создале локален идентитет. Денес Норботен е посебна покраина.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Вестерботен - Централна статистичка служба (шведски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Окружен административен одбор на Вестерботен[мртва врска] (шведски)
- Вестерботен - туристички портал Архивирано на 24 април 2006 г. (шведски) (англиски) (германски)
| ||||||||||||||||
