Прејди на содржината

Јестрикланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јестрикланд
Gästrikland
Знаме на ЈестрикландGästrikland
ЗемјаШведска
КрајНорланд
ОкрузиЈевлеборг
Упсала
Површина
  Вкупна4,200 км2 (1,622 ми2)
Население (2009)[1]
  Вкупно147,912
  Густина35/км2 (91/ми2)
Народност
  Наречјенорлендско
Култура
  Цветмомина солза
  Животнотетреб
  Птицабелец
  Рибаатлантска харинга
Час. појасCET (UTC+1)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Јестрикланд (швед. Gästrikland) е историска покраина (landskap) на источното крајбрежје на Шведска. Се граничи со покраините Упланд, Вестманланд, Даларна и Хелсингланд, и со Ботнискиот Залив. Јестрикланд е најјужната покраина во крајот Норланд.

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Во случајот на Јестрикланд, покраината го опфаќа јужниот дел на административниот округ Јевлеборг.

Географија

[уреди | уреди извор]

Јестрикланд честопати се нарекува „Врата кон Норланд“ бидејќи била минувалиште за оние што оделе во овој северен крај, кој во минатото бил ретко населен, неистражен и покриен со шуми, планини и езера.

Геслото на покраината гласи „Железното Кралство“ (Järnriket).

Главните делови на Јестрикланд се состојат од рамничарски предели, кои на југ и исток преоѓаат во плодни земјоделски површини. На север и запад теренот станува ридест, пошумен и непогоден за обработка. Во северозападниот агол се наоѓа највисоката планина во покраината, наречена Лустигкноп (Lustigknopp, букв. „смешна качулка“), со висина од 402 м. Планината е тромеѓе кајшто се среќаваат покраините Јестрикланд, Хелсингланд и Даларна.

Покраината нема многу големи водни површини, но изобилува со мали езера, кои вкупно сочинуваат 110 од територијата. Најголемо езеро е Стуршен, со површина од 72 км2.

Во Јестрикланд се наоѓа и националниот парк Фернебофјерден.

Населени места

[уреди | уреди извор]
Бр.
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
ИмеОпштинаНаселениеПовршина
(ха)
Густина
(жит./км2)
Општ. код
ЈевлеЈевле68.7004.179,361.643,797.076
СандвикенСандвикен22.5741.545,701.460,447.272
ХуфоршХуфорш7.021707,62992,207.112
ВалбуЈевле6.911814,34848,667.344
ОкелбуОкелбу2.709416,34650,677.236
ЈербуСандвикен2.7002577007148
СтурвикСандвикен2.251262,95856,067.296
ФуршбакаЈевле1.748170,821.023,307.052
ОрсундаСандвикен1067124,49857,107.376
ХедесундаЈевле1.048167,08627,247.104
ТуршокерХуфорш873122,08715,107.332
ЕстерфернебуСандвикен550119,26461,187.384
ОмутОкелбу306144,96211,097.372

Историја

[уреди | уреди извор]

Сè до XIV-XV век, Јестрикланд бил дел од Упланд. Рударството и железарството се најзначајни гранки уште од V век, особено во Хуфорш и Сандвикен. Овие места и денес произведуваат наменски челик и други послебни метали, и вработуваат околу 6.500 луѓе.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

60°33′25″N 16°47′35″E / 60.557°N 16.793°E / 60.557; 16.793