Форе
Форе Fårö | |
Остров | |
Карпести столбови на Форе
| |
Земја | Шведска |
---|---|
Округ | Готланд |
Општина | Готланд |
Место | Балтичко Море |
- координати | 57°56′N 19°09′E / 57.933° СГШ; 19.150° ИГД |
Површина | 113,30 км2 [1] |
Форе во крајниот североисточен дел на карта на Готланд
|
Форе (шведски: Fårö) — мал остров во Балтичкото Море, северно од островот Готланд во југоисточниот дел на Шведска. Ова е втор остров по големина во покраината. Населението брои помалку од 600 жители, но местото сепак ужива популарност како летувалиште. На островот нема банки, пошти, здравствени установи и полиција. Има свој дијалект, кој се смета за најстариот јазик во Шведска.[2]
Географија
[уреди | уреди извор]Островот е одделен од Готланд со проток, преку кој одат два траекта. Има вкупна површина од 111,35 км2, од кои 9,7 км2 се водни површини или мали островчиња.
На островите Форе и Готланд има карпести столбови наречени „рауци“ образувани од одрони во текот на Леденото доба. Вакви образби можат да се најдат само на овие два острова.
Во филмската уметност
[уреди | уреди извор]Шведскиот режисер Ингмар Бергман провел дел од животот во Форе, каде и починал. Тука се снимени неколку негови филмови, меѓу кои: „Низ нејасно стакло“ (1961), „Персона“ (1966), „Часот на волкот“ (1968), „Срам“ (1968), „Страст“ (1969) и „Сцени од еден брак“ (1972).[2] Секој јуни се одржува „Бергманов фестивал“ во чест на режисерот.
Филмот „Жртва“ на Андреј Тарковски бил предвиден да се снима на Форе, но војската одбила да даде дозвола и затоа филмот е сниман во Нер, југоисточен Готланд.
Туризам
[уреди | уреди извор]На островот секоја година во септември се одржува настанот „Форевски вечери“ (Fårönatta) кога рестораните и баровите работат цела ноќ, на тезги се нудат ракотворби a црквата одржува полноќна миса.[2]
Реони
[уреди | уреди извор]Светилник
[уреди | уреди извор]На североисточниот крај на островот се наоѓа светилникот (Fårö Fyr). Висок е 30 м, а изграден е во 1847 г.
Лангхамар
[уреди | уреди извор]Лангхамар е полуостров во северозападниот дел на Форе. Се одликува со карпести плажи и карпести монолитни образби наречени „рауци“. На полуостровот е сместен истоимениот природен резерват Лангхамар. Дејството на филмот „Низ нејасно стакло“ на Ингмар Бергман се случува во Лангхамар.[2]
Дигерхувуд
[уреди | уреди извор]Природниот резерват Дигерхувуд во себе содржи и рибарско село. Местото не е погодно за пливање поради наглата длабочина (до 80 м) и силните струи. Меѓутоа од истата причина резерватот е популарен за нуркање и спортски риболов.
Судерсанд
[уреди | уреди извор]Долгата песоклива плажа Судерсанд се наоѓа североисточниот дел на Форе, веднаш до Сундерсандското одморалиште, каде се изнајмуваат бунгалови.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Статистички годишник 2011“ (PDF). Централна статистичка служба. стр. 12. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-01-13. Посетено на 5 јули 2011. (шведски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Пергамент, Даниел (7 октомври 2007). „Маѓепсаниот остров - дом на Бергман“. New York Times. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Форе“ на Ризницата ? |
- Туристичко здружение на Готланд — Форе (англиски)
- „Форе“ - Нордиска семејна книга (шведски)
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Карпестите облици наречени „рауци“
-
Светилникот на Форе
-
Црквата на Форе
57°56′N 19°09′E / 57.933° СГШ; 19.150° ИГД{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница
|