Прангли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Прангли
Prangli Laurentiuse kirik2009.jpg
Црквата во Прангли
Географија
МестоБалтичко Море
Координати59°37′28″N 25°01′15″E / 59.62444° СГШ; 25.02083° ИГД / 59.62444; 25.02083Координати: 59°37′28″N 25°01′15″E / 59.62444° СГШ; 25.02083° ИГД / 59.62444; 25.02083
Површина6,44 км2
Највисоко издигнување9 м
Управување
Естонија
ОкругХарју
Демографија
Население151
Густина на население23 /km2 (60 /sq mi)


Прангли (шведски: Vrangö) ― естонски остров во Финскиот Залив.

Првите записи се од 1387 година кога се викало Ранго. Првите доселеници дошле од Шведска. Естонската култура била ширена на островот во 17 век.

Прангли е дел од општината Вимси. Во Келнасе се наоѓа пристаниште кое е поврзано со траект до Лепнеме на копното.

Вегетацијата, особено на истокот на островот е главно ела.

Пранглишкиот светилник бил изграден во 1923 година.

Во 1941 година, естонскиот пароброд Естиранд бил потопен покрај брегот на островот Прангли по германски воздушен напад. Естиранд бил дел од флота бродови кои носеле советски трупи кон Ленинград за време на советската евакуација на Талин.[1] Естонскиот екипаж и регрутите успеале да го разоружаат советскиот воен персонал на бродот и да ја преземат контролата над островот, кревајќи го знамето на Естонската Република на високо борово дрво.[2] Буната спасила приближно 2.700 регрути, од кои повеќето биле Естонци, да бидат мобилизирани во Ленинград. По војната, на островот бил поставен споменик во чест на оние кои ги загубиле своите животи во трагедијата.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

 

  1. Taylor, Neil (2014). Bradt Travel Guide: Estonia. Bradt Travel Guides. стр. 128. ISBN 9781841624877. Посетено на 16 март 2021.
  2. Rikken, Kristopher (24 август 2011). „1941 Steamer Tragedy, Revolt Remembered“. Eesti Rahvusringhääling. Посетено на 16 март 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]