Уманц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Уманц
St Marien Waase Ummanz.jpg
Црква Св. Богородица во Вазе
Географија
МестоБалтичко Море
Координати54°28′27″N 13°10′24″E / 54.47417° СГШ; 13.17333° ИГД / 54.47417; 13.17333
Површина20 км2
Највисоко издигнување3 м
Управување
Најголема населбаВазе
Демографија
Население274


Уманц (германски: Ummanz) — остров во Балтичкото Море, близу западниот брег на островот Риген. Административно припаѓа на округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија.

Уманц има површина од околу 20 км² и со тоа, по Риген, е вториот најголем остров во поранешниот округ Риген. Тој е дел од Националниот парк Западнопомерански лагуни. Островот е опкружен на запад и северозапад од Шапродер Боден, на север од заливот Ударзер Вик, на исток од Козеловското Езеро и Брајте, а на југ од Кубицер Боден. Островот Уманц е многу рамен; негова највисока точка изнесува само 3 метри над морето.

Од 1901, островот е поврзан со островот Риген со 250-метри долг мост. Најголема населба на островот е селото Вазе; други села се Хајде, Марков, Зурендорф, Фрезенорт, Танков и Вусе. Заедно со неколку села на самиот Риген ја создаваат општината Уманц.

Од 1341 островот бил поседуван од болницата на Светиот Дух во Штралзунд. Поради тоа, граѓаните на Штралзунд го поседувале островот со векови врз основа на црквата.

Координати: 54°28′N 13°11′E / 54.467° СГШ; 13.183° ИГД / 54.467; 13.183