Римс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Римс
Insel Riems
Riems-1 WT2005.jpg
Географија
МестоБалтичко Море
Координати54°11′00″N 13°22′00″E / 54.18333° СГШ; 13.36667° ИГД / 54.18333; 13.36667
Вкупно острови1
Должина300 м
Ширина1.250 м
Управување
Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
ОкругЗападна Померанија-Грајфсвалд
Најголема населбаГрајфсвалд


Римс (германски: Riems) — остров во југозападниот дел на Грајфсвалдскиот Залив, широка, плитка област од Балтичкото Море помеѓу германското копно и островот Риген. Римс административно припаѓа на градот Грајфсвалд, но како посебна зона. Римзерорт претставува општина во неговите рамки, но се наоѓа на спротивниот крај на островот од копното.

Географија[уреди | уреди извор]

Поглед од островот Кос на солените ливади на Римс

Островот Римс се протега 1.250 метри од исток кон запад и има максимална широчина од 300 метри. Од раните 1970-тите, тој е поврзан со копното со 500 метри долг насип. Поради тоа станал вештачки полуостров во последните 40 години. Пред насипот, ферибот бил користен за сообраќајни добра до копното. Сега фериботот го нема, но руини од неговите станици се сè уште видливи. Поради недостигот на свежа вода до Гристовер Вик (Gristower Wiek) се појавило недостиг на кислород во плиткиот залив во есента 2007, поради што 30 метри од насипот бил отворен и бил изграден мост врз тој дел, за да се дозволи свежата вода да дојде до тие области.

Фауна[уреди | уреди извор]

Римс е важна област за одмор на водените птици. Природниот резерват Полуостров Фаренбринк (Naturschutzgebiet Halbinsel Fahrenbrink) е прогласен за покраински резерват. Околу 15 проценти од северноевропските птици ја поминуваат зимата во областа на Грајфсвалдскиот Залив и Штрелазунд. Поради тоа била прогласена за европски птичји резерват.

Историја[уреди | уреди извор]

Римс бил населен од праисториски времиња, како што покажуваат археолошките пронајдоци од каменото доба и словенскиот период. Подоцна островот припаѓал, заедно со блиското село Гристов, на семејството Дотенберг. Помеѓу 1375 и 1382, Римс и Гристов станале посед на градот Грајфсвалд, кој го изнајмувал тогаш ненаселениот остров како пасишта. По 1820, градот изградил мала куќа, но бил вратен на претходниот сопственик во 1883.[1]

Тркало за ќелии и производство на вакцини

Римс е дом на најстарата виролошка истражувачка институција во светот, сега наречена Институт Фридрих Лефлер, која била изградена од Фридрих Лефлер во 1910. Лефлер, професор на Грајфсвалдскиот универзитет, правел филтрациски тестови во 1898 и пронашол дека опасната болест шап и лигавка не била бактерија, туку непозната класа која ја нарекол „најмалиот од сите организми“. Тој утврдил дека станува збор за вирус. Откако истрагите покажиле дека Лефлер ненамерно ја заразил целата област на Грајфсвалд со болеста, тој го преместил неговиот институт на островот Римс во 1910.

Третиот Рајх го користел институтот во Римс за истражување на биолошки оружја.[2]

Додека Источна Германија го контролирала Римс, околу 800 луѓе работеле на истражување и развој на вакцини, додека денес тој број е двојно помал. Населението на островот е прилично мало. Постојат само 62 станбени единици.

Од 1997, истражувачкиот комплекс е седиште на Институтот Фридрих Лефлер Римс (FLI). Надлежностите на институтот вклучуваат истражување на болести кај животните, како што се говедска спонгиформна енцефалопатија, шап и лигавка и свинска чума и развојот на превентивните и заштитните мерки против нив, особено вакцините против нив. До 2006, Римс работел на вакцина за птичјиот грип. Во 2010, институтот ги намалил нивните објекти од Тибинген, Вустерхаузен и Јена, на само Јена и Римс. Вкупниот буџет за зголемување на работата е околу 150 милиони евра. Изградбата треба да се изведе внимателно, поради многуте историски стари градби.

Поранешната фабрика за производство на животински вакцини била успешно приватизирана од страна на Riemser Arzneimittel AG. Има околу 150 вработени.

По 1990-тите, населената област во западниот дел на островот била слободна за населување неколку години. Меѓутоа, поради обновените истражувачки работи со вирусите на островот, тој повторно е затворен за јавноста. Карантинските делови и лабораториите се од ниво 4. Ова значи дека вработените и посетителите на комплексот мораат да се пресоблекуваат и да се тушираат, кога влегуваат и излегуваат од него.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . 
  2. Erhard Geißler: Hitler und die Biowaffen.. Lit, ISBN 3-8258-4077-8: S. 123 "... es sei gelungen, Rinder durch Versprühen eines in der Reichsforschungsanstalt Insel Riems hergestellten Viruspräparates ... mit MKS zu infizieren." (Google Books)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 54°11′N 13°22′E / 54.183° СГШ; 13.367° ИГД / 54.183; 13.367