Вилм
Бунгалови на Вилм | |
Географија | |
---|---|
Површина | 0,94 км2 |
Должина | 2,5 км |
Највисоко место | 37,7 м |
Највисока точка | Грос Вилм |
Држава | |
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Дополнителни податоци | |
Островот може да се посети само со претходен договор. |
Вилм (германски: Vilm) — остров во Балтичкото Море, сместен во заливот јужно од многу поголемиот остров Риген. Островот претставува една од најоддалечените и најмирните места во Германија. Со површина помала од 1 км², Вилм е остаток на морена, која се одвоила од ледниците околу 6000 години п.н.е.. Од неговото создавање, обликот на островот постепено се менувал. Дебес островот е обликуван како полноглавец во должина од 2,5 километри, составен од два различни делови. Голем Вилм, „главата“ на североисток, се издигнува скоро 40 метри. Нискиот теснец на Среден Вилм создава долга „опашка“ на југозапад, која продолжува со Мал Вилм, карпест насип околу 20 метри надморска височина. Карпите од креда на јужната страна на Голем Вилм еродираат.
Историја
[уреди | уреди извор]Традите на островот навестуваат дека луѓето го користеле во раното камено доба, не долго по неговото создавање. Словените изградиле храм на островот и неговата употреба за духовни цели продолжила и во христијанско време, додека во средниот век станало место за поклонение. На почетокот на XIX век се забранило сечењето дрва на островот и станал летна резиденција за благородниците. Во 1936 фауната и флората на островите биле ставени под заштита за да се зачуваат старите дабови и букови шуми. По Втората светска војна, Вилм станал омилено одредиште за туристите од германските градови. До 1957 јавниот ресторан на островот бил користен од 700 посетители на ден. Во 1959, Советот на министри на Источна Германија го затвориле островот за јавноста и изградиле 11 бунгалови, административни згради и фарма. Од тогаш до распуштањето на ГДР, тие го користеле како приватен остров за високите функционери, вклучувајќи ги шефовите на ГДР Валтер Улбрихт и Ерих Хонекер.
Два дена пред крајот на ГДР, на 1 октомври 1990, владата го означила островот и околното море како пејзажна заштитна област со централно значење со ознака „Биосферен резерват Југоисток-Југозапад-Риген“. Оваа и други заштитени области не можеле директно преку закон да бидат пренесени на Сојузната Република Германија; наместо ГДР морала да ги предаде на поединец, кој потоа може да ги пренесе на СР Германија. На овој начин се случило островот Вилм и многу други заштитени области да припаднат на Патерман, тогаш висок службеник во Министерството за животна средина, сега пензиониран.
Така островот не потпаднал под покраината Мекленбург-Западна Померанија, туку под надлежност на Сојузната служба за природна заштита (Bundesamt für Naturschutz), која го потврдила неговиот статус како природен резерват.
Три дена по неговото прифажање од СР Германија, била воспоставена „Меѓународна академија за заштита на природата“ во рамките на Сојузната служба за заштита на природата. Акедемијата ги користи зградите на ГДР зёа еколошка истражувачка станица.
Природа
[уреди | уреди извор]Иако мал, островот Вилм има изненадувачки голема природна разновидност и убавина, која привлекува стотици пејзажни сликари во последните два века. Поголемиот дел е покриен со шума, која била недопрена со децении, дури и со векови, што предизвикало дабовите и буковите шуми да се едни од најимпресивните и недопрени во Германија, а островот поседува голема разновидност на птици и мали цицачи. Дел од островот, поголем дел од Среден Вилм и цел Мал Вилм, е целосно затворен за човечко присуство. Пливањето не е дозволено на ниедна плажа. Во зима, заливот понекогаш замрзнува и луѓето можат да пешачат по мразот до и од Риген, иако повеќето претпочитаат да се довезат со мразокршач.
Денес, јадрото на островот е означено како Прва заштитна зона на биосферниот резерват, додека исчистената зона со бунгаловите е дел од Втората заштитена зона, т.н. развојна зона.
Научниците кои работат на Вилм не живеат таму, туку патуваат до и од островот секој ден. Службата ги има изменето некои згради за конференции. Учесниците на конференциите престојуваат во бунгаловите изградени за министрите. На островот нема продавници, нема телевизија и нема весници. Неговата изолираност и целосната тишина го прави совршено место за мислење.
Островот може да се посети само со претходен договор.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Вилм на Ризницата ?
- Меѓународна академија за заштита на природата Архивирано на 19 јуни 2008 г.
|