Институт Фридрих Лефлер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Германска поштенска марка, 2010

Институт Фридрих Лефлер (германски: Friedrich-Loeffler-Institut; FLI) — национален истражувачки центар за ветеринарство на Германија. Институтот бил основан во 1910 и именуван по неговиот основач Фридрих Лефлер во 1952. Институтот е сместен на островот Римс, кој административно припаѓа на градот Грајфсвалд. Моментално, поголемиот дел од современите истражувачки центри за животинското здравје во изградба во светот се за потребите на овој институт.

Институтот Фридрих Лефлер е директно подреден на германското министерство за храна, земјоделство и заштита на потрошувачите. Негов главен предмет на работа се испитувањата на животинските вирусни болести и други дејности блиски до молекуларната биологија, поставување на вируси, имунологија и епидемиологија. Сојузните закони на Германија го направиле институтот одговорен за националната и меѓународната контрола и истражување. Институтот ги објавува нивните истражувања и соработува со други национални и меѓународни институции и истражувачи.

Помеѓу животинските болести кои ги истражуваат се шап и лигавка, инфлуенца А и птичји грип.

Моментално, 330 луѓе работат во институтот и дополнителни 140 ќе бидат вработени до завршувањето на градежните работи. До 2010, на 100-годишнина на институтот, се очекува да биде најсовремен истражувачки центар за животинското здравје во Европа. 260 милиони евра се потрошени од сојузната влада за изградба на нови лаборатории.

Како дел од ова проширување, во 2010, Институтот Римс го заокружил нивото четири за биолошка безбедност за лабораториите, кои овозможуваат работење со најопасните вируси, една од четирите вакви објекти во Германија.

Организација[уреди]

Претседател на институтот е Томас Метенлајтер, кој исто така предава на блискиот Грајфсвалдски универзитет. Институтот се состои од следниве единаесет институции на седум различни локации, некои од нив се планира да бидат преместени на Римс до 2010:

  • Римс:
    • Институт за инфективна медицина (IMED)
    • Институт за молекуларна биологија (IMB)
    • Институт за дијагноза на вирус (IVD)
    • Институт за нови и новооткриени предизвикувачи на зарази кај животните (INNT)
  • Брауншвајг
    • Институт за животинска храна
  • Целе:
    • Институт за животинска заштита и животинско земјоделство
  • Јена:
    • Институт за бактериолошки инфекции и зоонози (IBIZ)
    • Институт за молекуларна патогенези (IMP).
  • Маринзе
    • Институт за генетика на животните
  • Тибинген:
    • Институт за имунологија
  • Вустерхаузен: (до 31.12.2013)
    • Институт за епидемиологија (IfE)

Надворешни врски[уреди]