Национален парк Западнопомерански лагуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Западнопомерански лагуни
Nationalpark Vorpommersche Boddenlandschaft
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Крајбрежна вегетација
Местоположба на Национален парк Западнопомерански лагуни
Местоположба на Национален парк Западнопомерански лагуни
МестоМекленбург-Западна Померанија, Германија
Најблизок градРосток, Штралзунд
Површина805 км2
Воспоставен(а)1 октомври 1990

Национален парк Западнопомерански лагуни[1] (германски: Nationalpark Vorpommersche Boddenlandschaft) — најголем национален парк во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, сместен на бреговите на Балтичкото Море. Се состои од неколку полуострови, острови и лагуни во Балтичкото Море, на територијата на округот Западна Померанија-Риген.

Националниот парк ги вклучува:

  • полуостровот Дарс
  • западниот брег на островот Риген
  • островот Хидензе
  • островот Уманц
  • неколку мали острови помеѓу овие места
  • бројни лагуни помеѓу копното

Национален парк се одликува со многу плитки води, кои се станиште на уникатна крајбрежна фауна. Сите делови на националниот парк се познати како места за одмор на илјадници жерави и гуски.

Неговата површина изнесува 805 км2.

Состав[уреди | уреди извор]

Околу половина од површината на паркот се наоѓа на отворено море; повеќе од една четвртина покриваат деловите на лагуните во синџирот Дарс-Цингст Боден, вклучувајќи го Западен Риген Боден. Заштитени се овие области со плитки води (во Балтичкото Море, границата на националниот парк е определена на десет метри длабочина) со нивната богата флора и фауна. Различното ниво на солта во соленикавата вода во Балтикот и плитките лагуни значајно придонесува на локалниот природен диверзитет. На пример, балтичката харинга ги посетува плитките заливи постојано за мрестење.

Територијата на националниот парк вклучува делови на Дарс и полуостровот Цингст, како и поголем дел од островот Хидензе. Тесен премин на копно на островот Риген, веднаш до плитките лагуни, се наоѓа во рамките на националниот парк. Борови и букови шуми покриваат поголем дел од областа. Во непошумените области постојат мочуришта, благодарение на крајбрежното поплавување.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Западнопомерански лагуни Архивирано на 2 јули 2013 г. на www.naturefund.de. 27 јуни 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]