Национален парк Ваденско Море (Хамбург)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Национален парк Ваденско Море Хамбург
Nationalpark Hamburgisches Wattenmeer
МСЗП Категорија II (национален парк)
Germany (2), Neuwerk, Scharhörn, Nigehörn.jpg
Воздушна слика на националниот парк Ваденско Море Хамбург, со островите Нојверк (горе), Шархерн и Нигехерн (долу, појавувајќи се како еден остров) и делови на Шархерн и Нојверк како островчиња (десно). Поглед од југоисток.
Местоположба на подрачјето<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Недостасува операнд за *%; left: -55%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
Местоположба на подрачјето
Паркот на карта на Германија (горе-лево)
Место Северно Море, Хамбург,  Германија
Површина 13,750 ха км2
Основано април 9 1990 (1990-04-09)
Ваденско Море близу Дунен

Национален парк Ваденско Море Хамбург (германски: Hamburgisches Wattenmeer) — енклава на градот-покраина Хамбург во Северна Германија и се наоѓа 12,5 километри од Куксхафен во делтата на Елба во Северно Море (Германски Залив). Овој дел од Ваденското Море се наоѓа внатре во површината на националниот парк Ваденско Море Долна Саксонија и исто така ги вклучува островите Нојверк, Шархерн и Нигехерн. Составен е главно од песочни и мешани мочуришта со плитки потоци, песочни делови (Plaaten) и гореспоменатите песочни острови.

Национален парк[уреди | уреди извор]

Во согласност со одлуката на Хамбуршкиот парламент на 9 април 1990, површината била преквалификувана како Национален парк Ваденско Море Хамбург. На 5 април 2001, законот бил обновен и површината на националниот парк била проширена.

Вкупната површина на националниот парк (Зона 1 и 2) е 13.750 хектари. Површините од зоната 1 се под специјална заштита. Така, на пример пешачењето по песочните острови и возењата со коњ и кочија се единствено дозволени на одредени правци.

Во рамките на националниот парк имало околу 2.000 видови на животни, од кои околу 250 единствено опстојуваат во солените мочуришта на Ваденското Море. Од особена важност се обичната фока и атлантската сива фока. Поради природниот прилив во талог, има висока концентрација на храна за младите риби и морските птици на устието на Елба. Затоа, националниот парк е важно место за одморање и простор на морските птици.

На пример, патките живеат од полжави кои се наоѓаат со стотици или илјадниците на површината на песочните острови. Приближно 180.000 птици на северозападната популација на патките исто така го поминаат својот период за митарење од јули до септември во Ваденското Море, кое е заштитено од три национални паркови во покраините Долна Саксонија, Шлезвиг-Холштајн и Хамбург. Околу 200.000, обични патки исто така го поминуваат нивниот период за митарање овде; околу 1.000 паркови ги користат песочните острови во Северното Море како област за размножување. Поголемиот дел од нив се размножуваат на островот Амрум.

Во истовреме, Ваденското Море е место за одмор на птиците-преселници од северните поднебја, кои јадат дел од резервите кои им требаат за успешно размножување. Како последица на тоа, околу 10-12 милиони патки, гуски и галеби го користат Ваденското Море.

Паркот тесно соработување со здружението Јордсанд (Verein Jordsand), особено во областите на птиците.

Биосфера резерват[уреди | уреди извор]

Од 1992, националниот парк исто така бил назначен како резерват на биосфера, нешто што ја зголемила важноста на паркот, бидејќи оттогаш тој бил ставен под меѓународна заштите во согласност со програмата на УНЕСКО, „човекот и биосферата“. Менаџментот на националниот парк е одговорен за грижата на резерватот на биосфера и неговите национални аспекти.

Адреси[уреди | уреди извор]

Nationalpark Hamburgisches Wattenmeer
Nationalpark-Station Neuwerk, Turmwurt
D - 27499 Insel Neuwerk
Tel.: 04721 / 69271

и

Behörde für Stadtentwicklung und Umwelt
Nationalpark-Verwaltung Hamburgisches Wattenmeer
Stadthausbrücke 8
D - 20355 Hamburg
Tel.: 040 / 42840 - 3392

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]