Германска национална библиотека

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Deutsche Nationalbibliothek
DNB.svg
ЗемјаГерманија
Типнационална библиотека
Основана1912
Законски налогзакон посветен на Германската национална библиотека
МестоФранкфурт на Мајна, Лајпциг, Германија
Фонд
Збирка напечатени дела, микрофилмови, носачи на звук и дигитални публикации зачувани на физички уреди и онлајн публикации
Обем25,4 милиони дела (2009)[1]
Критериуми засите публикации издадени во Германија, сите публикации на германски јазик издадени во странство, сите преводи на други јазици на германски дела издадени надвор од Германија, сите публикации на странски јазик за Германија објавени надвор од Германија, познати како „Германика“, печатени дела пишувани или објавени помеѓу 1933 и 1945 од германски емигранти
Задолж. примероцида, од 1935
Пристап и употреба
Услов за членствоГерманската национална библиотека е депозитна библиотека, што значи дека публикациите се достапни за употреба само во читалниците. Корисниците мора да имаат најмалку 18 години да поседуваат валидна лична карта или пасош. Библиотеката наплаќа за своите услуги.
Обрт883.000 (2007)
Други информации
Буџет40,5 милиони евра
ДиректорЕлизабет Нигеман
Кадар649
Службена страницаwww.d-nb.de

Германска национална библиотека (германски: Deutsche Nationalbibliothek или скратено DNB) — главна архивска библиотека и национална библиотека на Германија. Нејзина задача е да ги собира, архивира, документира и библиографски забележува сите германски публикации и публикации издадени на германски јазик од 1913, странски публикации за Германија, преводи на германски дела и дела на германски емигранти издадени во странство помеѓу 1933 и 1945 и да овозможи да станат достапни на јавноста.[2] Германската национална библиотека одржува соработки со надворешни субјекти на национално и меѓународно ниво. На пример, таа е водечки партнер во развивање и одржување на библиографски правила и стандарди во Германија и игра значајна улога во развојот на меѓународните библиографски стандарди. Соработката со издавачите е регулирана со закон од 1935 за Германската библиотека Лајпциг и од 1969 за Германската библиотека Франкфурт.

Должностите се поделени помеѓу објектите во Лајпциг и Франкфурт на Мајна и секој објект ја насочува својата работа во одредени области. Третиот објект, Германскиот музички архив Берлин (Deutsches Musikarchiv Berlin; основан 1970), се занимава со сите музички архивирање (како печатени, така и снимени материјали).

Инвентар[уреди | уреди извор]

  • Вкупно: 27,7 мил. дела[3]
    • Лајпциг: 16,7 мил. дела
    • Франкфурт на Мајна: 10,3 мил. дела
    • онлајн публикации: 719.000 дела

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Die DNB im Überblick
  2. Мареј, Стјуарт (2009). The Library: An Illustrated History. Њујорк: Skyhorse Pub. 
  3. www.dnb.de

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 50°7′51.98″N 8°40′59.35″E / 50.1311056°СГШ 8.6831528°ИГД / 50.1311056; 8.6831528 (German National Library, Frankfurt Building)