Национална библиотека на Албанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Национална библиотека на Албанија
Biblioteka Kombëtare e Shqipërisë.svg
Tirana, National Library 2019.jpg
Националната библиотека
ЗемјаАлбанија
Основана1922; пред 98 години (1922)
МестоТирана
Фонд
Збирка накниги, списанија, весници, списанија, мапи, атласи
Обем1 M
Други информации
ДиректорПерсида Аслани
Службена страницаbksh.al

Национална библиотека на Албанија (албански: Biblioteka Kombëtare e Shqipërisë) е албанска национална библиотека со седиште во главниот град Тирана. [1] Основана е во 1920 година [2] и инаугурирана на 10 декември 1922 година. [3]

Историја[уреди | уреди извор]

Националната библиотека на Албанија (НБА) е примарна национална културна институција и најстара во албанската држава. Библиотеката опфаќа две згради и е организирана и работи под надлежност на Министерството за туризам, култура, млади и спорт. библиотеката е сместена во Тирана, и претставува чувар на националното наследство за собирање, обработка, обновување, зачувување и достапност на јавноста за пишувањето на културното наследство на албанскиот народ.

На национално ниво организира библиотекарно образование и континуирано стручно образование и е центар за студиско истражување од областа на библиотекарството, каталозирање во публикациите центар, националната агенција ИСБН и единствениот центар за зачувување и реставрација на специјални збирки. Нејзината архива опфаќа вкупно 1.169.767 книги, периодични списанија, мапи, атласи, микрофилмови и други библиотекарни материјали. Специјалните колекции се вредни за национална, како и за европска култура. Библиотеката е отворена 72 часа неделно за секој над 16 години.Корисниците можат да позајмуваат материјали или да ги користат во читалните. Интернет-страницата на библиотеката им овозможува на корисниците да ја пребаруваат архивата, а нуди и други услуги како дигитализирани каталози и дигитални збирки. Библиотеката организира изложби, промоции на книги, конференции и слично. Како правна институција библиотеката објавува Национална библиографија. За националната библиотекарни мрежи објавува научно-културен преглед на библиотеката, учебниците, стручни упатства и прирачници. Библиотеката е член на ИФЛА, ЛИБЕР, ЦЕНЛ, ЦДНЛ. Официјално е поканета да стане партнер во Светската дигитална библиотека. [4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Национален архив на Албанија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „National Library of the Republic of Albania“. LibDex. Архивирано од изворникот на 2008-07-06. Посетено на 2008-08-01.
  2. Etleva Domi (2003-06-23). National Library of Albania. Encyclopedia of Library and Information Science. doi:10.1081/E-ELIS-120008530 (неактивно 2020-01-25). ISBN 9780824720797.
  3. „Albanian National Bibliography“. University of Illinois at Urbana-Champaign. Архивирано од изворникот на May 18, 2007. Посетено на 2008-08-01.
  4. DOMI, E. (2011). The National Library of Albania: Tradition and Modern Vision. Alexandria, 21(3), 15-24.