Национален парк Долносаксонско Ваденско Море (германски: Nationalpark Niedersächsisches Wattenmeer) — национален парк во сојузната покраина Долна Саксонија, дел од германското Ваденско Море. Паркот бил основан во 1986 година и ги вклучува Источнофризиските Острови, калливиот морски брег и солените мочуришта помеѓу заливот Долар на границата со Холандија на запад и Куксхафен на исток. Националниот парк има површина од околу 345.800 хектари.[2] Управата на националниот парк се наоѓа во Вилхелмсхафен. Во јуни 2009 година, националниот парк станал светско природно наследство на УНЕСКО заедно со Ваденско Море Шлезвиг-Холштајн и холандскиот дел од Ваденското Море, поради својата посебност во однесувањето на плимата и еко-системот.[3]
„Во националниот парк Ваденско Море“ (Im Nationalpark Wattenmeer). документарен филм, 45 мин.., Германија, 1998, од Јенс-Уве Хајнс и Михаел Зутор, продукција: Komplett-Media-GmbH, Grünwald (ISBN 3-89672-492-4), Краток опис од ARD