Вилхелмсхафен

Координати: 53°31′0″N 8°08′0″E / 53.51667° СГШ; 8.13333° ИГД / 53.51667; 8.13333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилхелмсхафен

Wilhelmshaven

Поглед на Вилхелмсхафен
Поглед на Вилхелмсхафен
Поглед на Вилхелмсхафен
Знаме на Вилхелмсхафен
Грб на Вилхелмсхафен
Вилхелмсхафен во рамките на Германија
Вилхелмсхафен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Урбан округ
Градоначалник Карстен Фајст (независен)
Основни податоци
Површина 106,91 км2
Надм. височина 2 м
Население 75.189 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 703 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WHV
Пошт. бр. 26351–26389
Повик. бр. 04421, 04423 и 04425
Портал wilhelmshaven.de
Местоположба на градот Вилхелмсхафен во рамките на Долна Саксонија
Карта
Карта
Координати 53°31′0″N 8°08′0″E / 53.51667° СГШ; 8.13333° ИГД / 53.51667; 8.13333

Вилхелмсхафен (германски: Wilhelmshaven; долногермански: Willemshaven; букв. Вилхелмово пристаниште) — крајбрежен безокружен град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместен е на северозападната страна на Јадскиот Залив на Северното Море. Градот е стопанско средиште на областа и претставува главно воено пристаниште во државата. Од 2006 година припаѓа на метрополитенската област Северозапад.

Соседниот национален парк „Долносаксонско Ваденско Море“ е заштитен како светско наследство на УНЕСКО и како таков има важна улога во туризмот во овој дел од Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Вилхелмсхафен се наоѓа во северозападниот дел на Германија на брегот на Јадскиот Залив, голем морски залив на Северното Море. Градското подрачје се наоѓа во источниот дел на Источнофризискиот Полуостров помеѓу Доларт и Јадскиот Залив. Калливите области во крајбрежјето припаѓаат на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“.

Најниска точка во градското подрачје е -0,5 метри, додека највисока точка е 11,8 метри. Големи делови во источниот дел на градското подрачје се одземени од Северното Море во текот на XX век. Кон овие делови е додадено новото пристаниште ЈадеВезерПорт со површина од околу 344 хектари.[2]

Водни површини[уреди | уреди извор]

Градското подрачје е оградено од две страни со големи водни површини. На исток градот се граничи со Јадскиот Залив (или Внатрешен Јаде). На југ се наоѓаат калливите области на Јадскиот Залив, кој двапати дневно се поплавуваат од морето. Плимата во Јаде се движи помеѓу 3,15 метри и 4,33 метри, што е околу истото ниво како устието на Везер, околу половина метар помалку отколку во Антверпен[3] и скоро двојно повеќе отколку во Ротердам.[4] Со секој плимен циклис се менува водата во Јадскиот Залив и тоа не дозволува наталожување на песочни наслаги.

Во градското подрачје има водни површина на 645 хектари, што е 6,2% од вкупната површина. Најголем дел од ова се површините во пристаништата.

Потоа доаѓа површината на Бантското Езеро, едно соленикаво езеро, кое до 1945 година служело како западно пристаниште на пристанишната област. До крајот на војната во 1945 година, пристаништето не било употребливо. Последната преостаната брана го одделува езерото од Големото пристаниште.

Во градското подрачје почнува/завршува каналот Емс-Јаде, што е вештачки канал, кој го поврзува Вилхелмсхафен преку Занде и Аурих со Емден. Должината на каналот во градското подрачје изнесува 10,5 километри. При изградбата на пристаништето имало големо значење за дотур на материјали, додека денес каналот нема стопанско значење, туку главно се користи во туристички цели.

Единствена река во градското подрачје е Маде.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

На запад се граничи со општината Занде и градот Шортенс, на север со општината Вангерланд. Сите три соседни општини припаѓаат на округот Фризија. Градот на исток и на југ се граничи со Северното Море. На исток на другата страна од Јадскиот Залив се наоѓа општината Бутјадинген, која го образува најсеверниот дел на округот Везермарш.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градското подрачје на Вилхелмсхафен за статистички цели е поделено на пет градски области (Југ, Центар, Запад, Север, Исток). Секоја област се состои од повеќе градски делови. Овие делови се поделени во градски четврти.[5]

1 Градска област Југ

  • 11 Иненхафен
    • Шлојзенинзел
    • Нордхафен
    • Арзеналхафен
    • Гросер Хафен
    • Бантер Зе
    • Бордум
  • 12 Иненштат
    • Зидштат
    • Сити
    • Курпарк
    • Ратхаусфиртел
  • 13 Бант
    • Бант
    • Ханзафиртел
    • Јадефиртел
  • 14 Ебкериге
    • Ебкериге
    • Јункерај
    • Грос Белт

2 Градска област Центар

  • 21 Хепенс
    • Инзелфиртел
    • Алт-Хепенс
    • Тондајх
    • Хепензер Дајх
    • Педагогенфиртел
    • Виленфиртел
  • 22 Зибетсбург
    • Зибетсбург
  • 23 Ристрингер Штатпарк
    • Шпортфорум
    • Ристрингер Штатпарк
  • 24 Нојенгроден
  • 25 Алтенгроден
    • Алтенгроден Норд
    • Алтенгроден Зид
    • Алтенгроден Ост
    • Алтенгроден Вест
  • 26 Ристерзил

3 Градска област Запад

  • 31 Нојенде
    • Нојенде
    • Ојропафиртел
  • 32 Шар
    • Шар
    • Мадетал-Норд
    • Мадетал-Мите
    • Шардајх
    • Потенбург
  • 33 Алденбург
    • Визенхоф
    • Штатпаркколони
    • Алденбург
    • Форт Шар
  • 34 Мадебоген
  • 35 Лангеверт
    • Хајлигенгроден/Рундум
    • Лангеверт

4 Градска област Север

  • 41 Химелрајх/Колдевај
    • Химелрајх
    • Колдевај
  • 42 Федервардергроден
  • 43 Фослап
  • 44 Федерварден
    • Шилдајх
    • Федерварден
  • 45 Зенгварден
    • Бредеварден
    • Утерс
    • Боненбург
    • Зенгварден

5 Градска област Исток

  • 51 Хепензер Гроден
  • 52 Ристерзилер Гроден
    • Мадеполдер
    • Ристерзилер Гроден-Зид
    • Ристерзилер Гроден-Норд
    • Гениусбанк
  • 53 Фослапер Гроден
    • Фослапер Гроден-Југ
    • Фослапер Гроден-Норд
  • 54 ЈадеВезерПорт
    • Хафенгроден
    • Контејнертерминал
Карта на градските единици на Вилхелмсхафен

Клима[уреди | уреди извор]

Според климатската поделба на Кепен, Средна Европа и со тоа Вилхелмсхафен има топла клима со умерени врнежи преку целата година. Близината на Северното Море има силно влијание на регионалното време. Тоа влијание се чувствува преку послабите зими и посвежите лета.

Просечната месечна температура во зима не паѓа под точката на замрзнување. Просечната годишна температура изнесува 8,7 °C. Најтопли месеци се јули и август со просечни температури од 16,3 °C, а најладни месеци се јануари и февруари со 1,2 односно 1,6 °C просечна температура.

Врнежите се распределени релативно рамномерно преку целата година, главно во облик на дожд. Снежни врнежи во зимските месеци се ретки. Најмногу дожд паѓа во јули и ноември со просечно 83 односно 86 милиметри, додека најсув месец е февруари со просечно 43 милиметри. Годишно наврнуваат 831 мм.

Историја[уреди | уреди извор]

Изградбата на пристаништето во 1860-тите
Внатрешното пристаниште

На местото на градот се наоѓал замокот Зибетсбург, изграден пред 1383 г. како упориште за пиратство, и уништен од Ханзата во 1433 г. Четири века подоцна Кралството Прусија планирало поморска флота и соодветно пристаниште на Северното Море. Во 1853 г. принцот Адалберт, братучед на кралот Фридрих Вилхелм IV направил спогодба со Големото Војводство Олденбург со која Олденбург ѝ отстапил 3,13 км2 од Јадскиот Залив на Прусија. Во 1869 г. кралот Вилхелм I (подоцна цар на Германија) го основал градот како ексклава на покраината Хановер и воспоставил поморска база за пруската флота која тогаш била во развој. Затоа местото во негова чест е наречено Вилхелмсхафен, што значи „Вилхелмово пристаниште“. Сета задгрбнина на градот останала во владение на Војводството Олденбург.

Во градот е изградено Царското бродоградилиште (Kaiserliche Werft Wilhelmshaven). На 30 јуни 1934 г. од пристанштето е пуштен ознатиот бојниот крстосувач „Адмирал Граф Шпе“.

Во 1937 г. местото се соединило со соседното село Ристринген,[6] и вака соедиениот град Вилхелмсхафен станал дел од Слободната Држава Олденбург.

Во Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Во Втората светска војна, сојузничките воздухопловни сили со бомбардирање уништиле две третини од градбите во градот. Бродоградилиштето било главна цел на нападот, но продолжило да работи и покрај тешките оштетувања.[7] Во 1945 г. полската војска го зазела Вилхелсхафен, по што се предал целиот гарнизон со вкупно 200 бродови. Полјаците останале како дел од сојузничките окупациски сили до 1947 година. Во текот на војната во градот се наоѓал подкамп на концентрацискиот камп на Нојенгаме.

Повоен период[уреди | уреди извор]

Во 1947 г. градскиот совет решил да усвои нов амблем. Откако британската управа одбила неколку предлози, советот се решил за фризиски воин, според статуа ставена во градот за време на Првата светска војна со цел собирање на доброволни прилози.

Со наполното разоружување на бродоградилиштето по војната, многу воени објекти останале оштетени и напуштени. Во нив се направени погоните на заводот „Олимпија“ кој се прочул во светот по своите машини за пишување и во 1953 г. имал 7.000 работници.[8]

Денес[уреди | уреди извор]

Вилхелмсхафен е единственото длабоководно пристаниште во Германија и најголемата поморска база, а во поново време станала и најголемата вона база во Германија воопшто.[9] Кон крајот на 1950-тите изграден е пристан за нафтени танкери и до денес останува најважниот терминал за набавка на сирова нафта. Оттука оди нафтовод кон рафинериите во Рајна-Рур и Хамбург. Пристаништето увезува и јаглен и хемикалии.

Меѓу другото, населението се занимава со опслужување на војската. Важна стопанска гранка во градот е поморската шпедиција со контејнери и поправката на пловила. Други гранки се хемиската индустрија (рафинерија, производство на пластика и хлор) и енергетиката со две јаглени електрани и една ветерна.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Мостот „Цар Вилхелм“
  • Стадион Јаде, стадион на фудбалскиот клуб Вилхелмсхафен
  • Аквариум Вилхелмсхафен, сместен на кејот Хелголанд
  • Ботаничката градина на градот Вилхелмсхафен
  • Германскиот поморски музеј (Deutsches Marinemuseum), чии главни изложбени експонати се поранешниот уништувач на германската морнарица Мелдерс Д186, подморница и некои помали воени бродови, како и приказ на германската поморска историја од XIX век
  • Центарот за посетители за Ваденското Море, наследство на УНЕСКО. Големата постојана интерактивна изложба обезбедува приказ на околината на Ваденското Море. Една од специјалните поставки е скелет долг 14 метри на кит, кој се насукал на островот Балтрум во 1994 година и тежел 39 тона кога бил жив. Органите на китот биле пластинизирани од Гунтер фон Хагенс.
  • Крајбрежен музеј (Küstenmuseum), изложба со широк спектар на минатото, сегашноста и иднината на брегот.
  • Мостот „Цар Вилхелм“ (Kaiser-Wilhelm-Brücke), изграден помеѓу 1905 и 1907 и се смета за знаменитост на Вилхелмсхафен.
  • Градското собрание (Rathaus), голема тулна градба изградена од 1927 до 1929 од архитектот Фриц Хегер како Градско собрание на градот Ристринген.
  • Најстарата црква во градот е црквата „Св. Јаков“ во Нојенде, што била изградена околу 1383 година под водство на Јефер Едо Вимкен.
  • Споменикот на царот Вилхелм на плоштадот Фридрих Вилхелм, споменик во чест на царот Вилхелм I на Прусија во 1896 година, што бил еден од основачите на градот. Откако статуата била стопена во 1942 година, била обновена во 1994 година.

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градското собрание

Градскиот совет на градот Вилхелмсхафен се состои од 38 члена за изборниот период 2016-2021, иако за градови со број на жители помеѓу 75.001 и 100.000 жители треба советот да има 44 члена.[10] Со одлука на Градскиот совет бројот за периодот 2016–2021 бил намален за шест члена.[11] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[12]

Партија Удел Промена Број на места Промена
SPD 26,0 % 0−6,1 % 10 −4
CDU 20,2 % −13,2 % 08 −7
AfD 11,2 % +11,2 % 04 +4
Grünen 10,6 % 0−3,6 % 04 −2
FDP 08,7 % 0+5,7 % 03 +2
Граѓански сојуз Вилхелмсхафен 08,5 % 0+3,6 % 03 +2
UWG 04,5 % 0+4,5 % 02 +2
Linke 03,2 % 0+0,3 % 01 +0
Сојуз за образование, работа, социјала и животна средина 02,7 % 0−0,5 % 01 −1
Слободни гласачи Вилхелмсхафен 02,6 % 0−1,8 % 01 +1
Die Partei 01,5 % 0+1,5 % 01 +1
Независен 00,5 % 0+0,5 % 00 +0

Градоначалник[уреди | уреди извор]

На последните избори за градоначалник на 26 мај 2019 година победил Карстен Фајст (независен).

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Знак при влезот во градот

Вилхелмсхафен е збратимен со следниве градови:[13]

Вилхелмсхафен одржува пријателски партнерства со следниве градови:

Местата Зенгварден и Федерварден одржуваат партнерство со:

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. StaDtistik report 3-4 2013. (PDF) Stadt Wilhelmshaven, S. 9: Flächennutzung; abgerufen am 22. Januar 2014
  3. Gezeitentabelle für Antwerpen
  4. Gezeitentabelle für Rotterdam
  5. StaDtistik report 2-2011. (PDF; 8,2 MB) Stadt Wilhelmshaven, S. 4: Stadtteile und Stadtviertel; abgerufen am 30. Dezember 2011
  6. „Historie“. Luftschutzbunker Wilhelmshaven. Посетено на 18 декември 2017.
  7. „Angriffe und Statistik“. Homepage Luftschutzbunker Wilhelmshaven. Посетено на 17 декември 2017.
  8. „Olympiawerke jetzt AG = Die Zeit“. 22 јули 1954. Посетено на 18 декември 2017.
  9. „Wilhelmshaven wächst zum größten Bundeswehrstandort“. Hamburger Abendblatt. 4 ноември 2011. Посетено на 18 декември 2017.
  10. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 13. September 2016
  11. Satzung Verkleinerung des Rates (PDF) abgerufen am 3. September 2016
  12. Vorläufiges Wahlergebnis Kommunalwahl 2016 – Rat, abgerufen am 13. September 2016.
  13. „Wilhelmshavens Städtepartnerschaften und Städtefreundschaften“. wilhelmshaven.de (германски). Wilhelmshaven. Посетено на 17 февруари 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]