Гифхорн (округ)
Гифхорн Landkreis Gifhorn | ||
---|---|---|
округ | ||
| ||
![]() | ||
Земја | ![]() | |
Покраина | Долна Саксонија | |
Седиште | Гифхорн | |
Површина | ||
• Вкупна | 1.563 км2 (603 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 180.232 | |
• Густина | 120/км2 (300/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | GF | |
Мреж. место | www.gifhorn.de |
Гифхорн (германски: Gifhorn) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот се наоѓа на границата со сојузната покраина Саксонија-Анхалт и се протега од јужниот крај на Линебуршкото поле (Lüneburger Heide) на север до предградијата на Брауншвајг и Волфсбург на југ. Реката Алер влегува во округот на југоисток, тече низ градот Гифхорн, а во нејзе се влеваат реките Изе и Окер и излегува од округот на запад. Јужниот терминал на Страничниот Канал на Елба на Средногерманскиот Канал се наоѓа во Едесбител во округот.
Се граничи со (од југ надесно) округот Хелмштет, градовите Волфсбург и Брауншвајг, окрузите Пајне, Хановер, Целе и Илцен и со сојузната покраина Саксонија-Анхалт (окрузите Алтмаркрајс Залцведел и Берде).
Најниската точка во округот се наоѓа во реката Алер близу Миден (46 метри), додека највисоката точка во округот се наоѓа близу Шпракензел (124 метри).
Историја
[уреди | уреди извор]Округот бил основан во 1885 година од пруската влада. Во 1932 година, поранешниот округ Изенхаген станал дел од округот (северниот дел на денешниот округ). Градот Волфсбург првично бил дел од округот, но станал слободен град во 1951 година. Во 1974 година, округот повторно изгубил делови од својата територија, кога градот Фалерслебен бил припоен кон Волфсбург.
Грб
[уреди | уреди извор]Лавот како и срцата се хералдички симболи на Линебург, а округот со векови бил дел од некогашното Војводство Брауншвајг-Линебург, а на кратко и во Војводството Гифхорн. Трубата го симболизира слогот „хорн“ во зборот Гифхорн, кој означува „труба“.
Градови и општини
[уреди | уреди извор]
Градови | Слободни општини | Слободни области | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|
|
| ||||
1седиште на општинската заедница |
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Гифхорн (округ) на Ризницата ?
- Матична страница
(германски)
|
|