Фризија (округ)

Координати: 53°30′N 8°00′E / 53.5° СГШ; 8.0° ИГД / 53.5; 8.0
Од Википедија — слободната енциклопедија
Фризија
Landkreis Friesland

округ
Грб на Фризија Landkreis Friesland
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеЈефер
Површина
 • Вкупна608 км2 (235 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно98.971
 • Густина160/км2 (420/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.FRI
Мреж. местоfriesland.de

Фризија (германски: Friesland) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во градот Јефер.

Се граничи со (од југоисток надесно) окрузите Везермарш, Амерланд, Лер и Витмунд и со Северното Море. Градот Вилхелмсхафен е опкружен, но не е дел од округот.

Географија[уреди | уреди извор]

На исток округот се граничи со плиткиот Јадски Залив на Северното Море. Островот Вангероге, еден од Источнофризиските Острови, е дел од Фризија.

Жителите на Фризија инсистираат дека не се дел на Источна Фризија, иако е конфузно, бидејќи Фризија се наоѓа источно од Источна Фризија и географите ја сметаат Фризија за дел од таа област. Разликата има историски причини: Фризија била независна држава од 1438 до 1575.

Дел од округот влегува во Националниот парк Ваденско Море.

Историја[уреди | уреди извор]

Областа била владеена од локални феуди до XV век.

Во 1438 година во северниот дел на денешниот округ била основана Грофовијата Јефер. Источна Фризија оттогаш била сметана како непријателска територија и се случиле многу конфликти помеѓу Јефер и Источна Фризија во XV и во XVI век. Последниот владетел на Јефер била Мари од Јефер, која владеела до 1575 година.

По нејзината смрт, Јефер станал дел од Олденбург, но Источна Фризија тврдела дека територијата била нејзина. Во следните децении, Источна Фризија се обидувала да ги блокира сите патишта помеѓу Јефер и Олденбург. Непријателството траела до почетокот на XVII век.

Од 1667 до 1793 година, Јефер бил ексклава на Анхалт-Цербст, а по наполеонската окупација најзападна ексклава на Прусија. Во 1818 година, Јефер повторно станал дел од Олденбург.

Јужниот дел на денешниот округ е Фризише Веде (Friesische Wehde, букв. „фризиски дрвја“), кој исто така поголемиот дел од времето бил на Олденбург. Оваа област подоцна го создала округот Фарел.

Округот бил основан во 1933 година со спојување на поранешните окрузи Јефер и Фарел под името „Фризија“. Во 1977 година бил распуштен и поделен помеѓу околните окрузи Витмунд и Амерланд. Распуштањето било прогласено за неуставно во 1979 година, бидејќи ги нарушило правата на поранешната држава Олденбург и округот повторно бил основан во своите стари граници во 1980 година.

Грб[уреди | уреди извор]

Лавот е од грбот на грофовите на Јефер, кој бил нивен симбол.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градовите и општините во округот Фризија
Градови Слободни општини
  1. Јефер
  2. Шортенс
  3. Фарел
  1. Бокхорн
  2. Занде
  3. Вангерланд
  4. Вангероге
  5. Цетел

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

53°30′N 8°00′E / 53.5° СГШ; 8.0° ИГД / 53.5; 8.0