Шортенс
Шортенс
Schortens | |
Градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Фризија |
Градски единици | 12 |
Градоначалник | Герхард Белинг (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 68,67 км2 |
Надм. височина | 6 м |
Население | 20.483 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 298 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | FRI |
Пошт. бр. | 26419 |
Повик. бр. | 04421–23, 04461, 04468 |
Портал | www.schortens.de |
Местоположба на градот Шортенс во рамките на округот Фризија | |
Координати | 53°32′0″N 7°57′0″E / 53.53333° СГШ; 7.95000° ИГД |
Шортенс (германски: Schortens) — град во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Шортенс станал град во 2005 година и сега е втор најголем град по Фарел во округот.[2]
Географија
[уреди | уреди извор]Шортенс се наоѓа во областа Јеферланд на Источнофризискиот Полуостров, на раб на мочуриште.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Шортенс на северозапад се граничи со Јефер, на север со општината Вангерланд, на исток со слободниот град Вилхелмсхафен, на југ со општината Занде и на југозапад со општината Фридебург, која припаѓа на округот Витмунд.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Градот се состои од дванаесет градски единици: Шортенс, Хајдмиле, Графшафт, Акум, Зиленштеде, Шост, Рофхаузен, Миделсфер, Адернхаузен, Естрингфелде, Остим и Упјефер.
Местата Шортенс, Хајдмиле, Естрингфелде и Остим го образуваат градското јадро од околу 13.000 жители.
Клима
[уреди | уреди извор]Шортенс е под влијание на Северното Море.
Историја
[уреди | уреди извор]Гробови откриени при ископувања во 1970-тите години означуваат постоење на рани човечки населби во областа на Шортенс уште во V век.[3]
Во 1158 година, Шортенс бил првпат споменат како „Скротин“ во документ од папата Адријан IV. Подоцна, името било променето во „Скротинге“. Во 1400 година, местото било наречено „Шортензе“.[4]
Црквата „Св. Стефан“ во Шортенс била изградена по 1153 година како последица на победата на Естрингер.[5]
Во средниот век, манастирот Естрингфелде бил познат по одгледување на коњи.
Во текот на втората половина на 1900-тите, поморската база Вилхелмсхафен придонела силно кон развој на градот. Многу работници се населиле во идниот град Шортенс, а железничката линија до Јефер, воспоставена во 1871 година, исто така придонела за развој на градот. По крајот на Втората светска војна, производството на воени бродови престанала и скокнала стапката на невработеност. Од 1946 година, бран на бегалци од поранешните германски територии го зголемиле населението.
Во 1936 година била отворена воздухопловната база Упјефер, која и денес се користи.
Шортенс добил градски права на 21 јануари 2005 година.
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 15.001 и 20.000 жители.[6] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[7]
Партија | Удел | Места | Разлика (гласови) | Разлика (места) |
---|---|---|---|---|
SPD | 36,56 % | 12 | - 2,52 % | - 1 |
CDU | 28,18 % | 10 | + 2,04 % | + 1 |
Grüne | 11,02 % | 4 | - 1,14 % | 0 |
FDP | 6,15 % | 2 | + 2,35 % | + 1 |
UWG | 5,15 % | 2 | + 3,86 % | + 1 |
WFF | 12,91 % | 2 | + 12,91 % | + 2 |
Градоначалник
[уреди | уреди извор]Моментален градоначалник на Шортенс е независниот Герхард Белинг.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Шортенс е збратимен со следниве градови:
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Граѓанска куќа
-
Црква „Св. Стефан“
-
Ветерница Акум
-
Железничката станица Шортенс-Хајдмиле
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ „Schortens - Entwicklung von der Gemeinde zur Stadt“. Архивирано од изворникот на 2019-10-10. Посетено на 10 October 2019.
- ↑ Brune (Editor), Werner (1987). Wilhelmshavener Heimatlexikon, Dritter Band. Wilhelmshaven: Brune Druck und Verlagsgesellschaft. стр. 74.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ Brune (Editor), Werner (1987). Wilhelmshavener Heimatlexikon, Dritter Band. Wilhelmshaven: Brune Druck und Verlagsgesellschaft. стр. 73.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ „St.-Stephanus Kirche“. Ev.-luth. Kirchengemeinde Schortens. Посетено на 11 October 2019.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 9. Dezember 2011.
- ↑ Stadt Schortens – Stadtratswahl 2016, abgerufen am 4. November 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Шортенс“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)
|
|