Областа имала традиција на топење, рударска традиција која траела до 1976 година, кога последниот рудник бил затворен. Во локалната историја се памти рударската несреќа кај Ленгеде во 1963 година, кога загинале 29 рудари, а 11 други биле спасени две недели по несреќата.
Округот се наоѓа на простор помеѓу градовите Хановер и Брауншвајг. Реката Фузе влегува во округот на југ, тече низ градот Пајне и го напушта округот северно кон Целе.