Олденбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Олденбург (германски: Oldenburg, дијалект Олнборг) — град во германската сојузна држава Долна Саксонија, околу 45 км западно од Бремен.

Дворецот во Олденбург

Исто така постои и Олденбург во државата Шлезвиг-Холштајн, така што во Германија Олденбург (во Долна Саксонија) значи:Oldenburg (Oldb).

Од април 2005 година, Олденбург припаѓа на Европскиот метрополитски регион Бремен-Олденбург .

Знаме

Историјата[уреди | уреди извор]

Градот за првпат се споменува во 1108 година, под името Алденбург. Подоцна Олденбург стана центар на војводството, Големото Војводство, а потоа и Република Олденбург, која беше мала држава во сенката на силниот град на Ханза, Бремен.

Просперитетот на градот беше нагло прекинат во 1667 година кога чума, а потоа и катастрофален пожар го погодил градот. Кралевите на Данска, кои во тоа време ја носле титулата војвода на Олденбург, не биле заинтересирани за градот. Само во 1773 година, со крајот на данската власт, градот бил повторно изграден, во класичен стил.

Каналот што го поврзува Олденбург со Северното Море бил завршен во 1893 година. Овој канал значително ја зголемил економската важност на градот.

По Втората светска војна, населението на Олденбург пораснало на над 100.000, поради приливот на бегалци во градот што не бил уништен со бомбардирањето. Во 1946 година, Олденбург станал дел од државата Долна Саксонија.

Географски и демографски податоци[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на надморска височина од 4 метри. Површината на општината е 103.0. Самиот град, според проценките од 2010 година, имал 160,279 жители. Просечната густина на населението е 1.557 жители. Има регионален код (AGS) 3403000.

Меѓународна соработка[уреди | уреди извор]

Место Држава Начин на соработка Од
Матех Ашер Израел партнерство 1996
Шоле Франција партнерство 1985
Хоје-Таструп Данска партнерство 1978
Кингстон на Темзи Обединетото Кралство контакт 2000
Махачкала Русија партнерство 1989
Гронинген Холандија партнерство 1989


Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]