Прејди на содржината

Кралство Хановер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралство Хановер
Königreich Hannover
1814–1866
Знаме на Хановер
Знаме
Грб на Хановер
Грб
Кралството Хановер (зелено) во 1815 година
Кралството Хановер (зелено) во 1815 година
Статус(1806–13)
Држава на Германски Сојуз
(1815–66)
Главен градХановер
Говорени јазициГермански, Западнодолногермански дијалекти
Вероисповед
Протестантство (главно Лутеранство, но и Калвинизам), Римокатолицизам
УредувањеУставна монархија
Крал 
 1814–1820
Џорџ III
 1820–1830
Џорџ IV
 1830–1837
Вилијам IV
 1837–1851
Ернест Аугуст
 1851–1866
Џорџ V
Историски периодНаполеонови војни / Обединување на Германија
 Основана
12 октомври 1814
12 октомври 1814
14 јуни 1866
23 август 1866
 Распадната
20 септември 1866
ВалутаХановерски талер,
(1814–1857)
Хановерски веринсталер,
(1857–1866)
Претходници
Наследници
Изборно Кнежевство Хановер
Хановер (покраина)

Кралство Хановер (германски: Königreich Hannover) — кралство основано во октомври 1814 година од страна на Виенскиот конгрес, со враќање на териториите во Хановер на Џорџ III по Наполеоновите војни. Кралството го наследило поранешното Изборно Кнежевство Хановер (формално познато како Изборно Кнежевство Брауншвајг-Линебург) и се приклучило на 38 други суверени држави во Германскиот Сојуз во јуни 1815 година. Кралството било управувано од династијата Хановер, кадетска гранка на династијата Велф, во личен сојуз со Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска од 1714 година. Бидејќи неговиот монарх престојувал во Лондон, намесник, обично помлад член на британското кралско семејство, управувал со администрацијата на Кралството Хановер.

Личниот сојуз со Обединетото Кралство завршил во 1837 година по сукцесија на кралицата Викторија, бидејќи Салискиот закон ги спречувало жените да го наследат престолот на Хановер, сè додека има жив машки наследник во семејството. Така, нејзиниот вујко станал владетел на Хановер, кој ја поддржувал губитничката страна во Австро-пруската војна и кралството било освоено од Прусија во 1866 година. Потоа станало пруска провинција. Заедно со остатокот од Прусија, Хановер станал дел од Германската Империја по обединувањето на Германија во јануари 1871. Кратко заживеал како држава Хановер во 1946 година, но подоцна била споена со неколку помали држави за да се формира сегашната држава Долна Саксонија во Западна Германија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]