Фехта (округ)
Фехта Vechta | |||
---|---|---|---|
округ | |||
| |||
![]() | |||
Земја | ![]() | ||
Покраина | Долна Саксонија | ||
Седиште | Фехта | ||
Површина | |||
• Вкупна | 813 км2 (314 ми2) | ||
Население (31 декември 2020)[1] | |||
• Вкупно | 143.698 | ||
• Густина | 180/км2 (460/ми2) | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | VEC | ||
Мреж. место | kreis-vechta.de |
Фехта (германски: Vechta) — округ во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со окрузите Олденбург, Дипхолц, Оснабрик и Клопенбург.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIII век минстерскиот епископ го набавил земјиштето на ова подрачје и така тоа влегло во Епископското Кнежевство Минстер. Со распуштањето владичките држави во 1803 г. Фехта му припаднала на Олденбург, иако останала под духовно водство на Минстер, поради што областа се нарекува Олденбуршки Минстерски крај. Денешниот округ е основан во 1945 г. како дел од новосоздадената покраина Долна Саксонија.
Географија[уреди | уреди извор]
Округот се одликува со рамничарски предели. Само во најјужниот дел има еден ридски венец близу градот Даме, наречен Дамски Ридови (Dammer Berge). Во окружните граници влегува и западниот брег на Димерското Езеро со околните слатини.
Грб[уреди | уреди извор]
На окружниот грб се прикажани:
- грбот на Војводството Олденбург
- грбот на Грофовијата Калвелаге-Равенсберг (која владеела со областа пред XIII век)
- грбот на Грофовијата Гален (вазал на минстерските епископи)
Градови и општини[уреди | уреди извор]
Градови | Слободни општини |
---|---|
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Фехта (округ) на Ризницата ?
- Службен портал на округот Архивирано на 14 јуни 2004 г. (германски)
|
|