Линебург (округ)
| Линебург Landkreis Lüneburg | ||
|---|---|---|
| округ | ||
| ||
| Земја | ||
| Покраина | Долна Саксонија | |
| Седиште | Линебург | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 1.323,1 км2 (5,109 ми2) | |
| Население (31 декември 2022)[1] | ||
| • Вкупно | 187.552 | |
| • Густина | 14/км2 (37/ми2) | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
| Рег. таб. | LG | |
| Мреж. место | lueneburg.de | |
Линебург (германски: Lüneburg) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од југоисток надесно) окрузите Лихов-Даненберг, Илцен, Хајдекрајс и Харбург и со сојузните покраини Шлезвиг-Холштајн (округ Лауенбург) и Мекленбург-Западна Померанија (округ Лудвигслуст-Пархим).
Географија
[уреди | уреди извор]Округот се наоѓа во Линебуршкото Поле (Lüneburger Heide) и долж течението на Елба. Поголемиот дел од округот се наоѓа јужно од реката, освен мал дел околу општината Амт Нојхаус, кој се наоѓа на спротивната страна.
Историја
[уреди | уреди извор]Амтот Линебург бил основан во 1862 година. Тогаш амтот Лине го преместил своето седиште од манастирот Лине во Линебург, поради што било сменето и самото име. Округот бил основан откако Кралството Хановер било освоена од Прусија во 1866 година. Од 1867 година, амтовите Линебург, Блекеде и градот Линебург станале делови на округот Линебург, кој бил надлежен за даноците и за војската.
Историјата на областа отсекогаш била под влијание на градот Линебург.
Во 1993 година, општината Амт Нојхаус се приклучила на Долна Саксонија и на округот Линебург. Овој дел отсекогаш бил владеен од Линебург пред поделбата на Германија, кога станал дел од Источна Германија. Со тоа, таа е една од ретките општини од поранешната Источна Германија, кои сега станале дел од некогашната Западна Германија.
Округот е една од клучните области за споменици и археолошки откритија од праисторијата. Ернст Шпрокхоф открил 17 места западно од Илменау и 32 источно од него.
Грб
[уреди | уреди извор]Грбот прикажува:
- хералдички лав на Војводството Брауншвајг-Линебург
- срцата на данскиот национален грб (бидејќи војводата Вилхелм Линебуршки бил женет со данска принцеза во XIV век)
Градови и општини
[уреди | уреди извор]
| Градови | Општински заедници | ||
|---|---|---|---|
|
Слободни општини |
|
|
|
| 1седиште на општинската заедница | |||
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Линебург (округ) на Ризницата ?- Матична страница
(германски)
| ||||||||
|
