Остерхолц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Остерхолц
Landkreis Osterholz

Округ
Грб на Остерхолц Landkreis Osterholz
Грб
Lower Saxony OHZ.svg
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеОстерхолц-Шармбек
Површина
 • Вкупна650,73 км2 (25,125 ми2)
Население (31 декември 2019)[1]
 • Вкупно113.928
 • Густина1,8/км2 (4,5/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.OHZ
Мреж. местоlandkreis-osterholz.de

Остерхолц (германски: Osterholz) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во градот Остерхолц-Шармбек.

Округот се граничи (од запад надесно) со следниве окрузи: Везермарш, Куксхафен, Ротенбург и Ферден, како и градот Бремен.

Географија[уреди | уреди извор]

Јужниот дел на округот е дел од метрополитенската област на Бремен. На север се наоѓа Тојферсмор (букв. „ѓаволско мочуриште“), едно од најголемите зачувани мочуришта во Германија. Поголеми мочуришта постојат на обата брега на реката Хаме, која тече низ округот од север на југ и се влвиа во реката Виме. Виме ја создава јужната граница и е притока на Везер, кој ја создава западната граница на округот.

Историја[уреди | уреди извор]

Првично архиепископите од Бремен владееле со денешната област на округот. Во 1648 година, Архиепископијата била претворена во Војводство Бремен, кое најпрвин било владеено во личен сојуз од Швеѓаните, а од 1715 од Хановерската династија. Во 1807 година, Кралството Вестфалија го припоило Војводството, пред Франција да го анектира во 1810 година. Во 1813 година, Војводството било вратено на Изборното кнежевство Хановер, кое било издигнато како Кралство Хановер во 1814 година - го припоило војводството во вистински сојуз и војводската територија станала дел од областа Штаде, основана во 1823 година. Во 1866 година, Кралството Хановер станало дел од Прусија, создавајќи ја покраината Хановер. Пруската администрација основала окрузи во 1885 година, а меѓу нив бил и Остерхолц.

Грб[уреди | уреди извор]

Грбот прикажува:

  • хералдичкиот клуч од грбот на Бремен
  • брод на вода, што ги претставува бродовите од XIX век

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градовите и општините во округот Остерхолц
Градови Слободни општини Општински заедници
  1. Остерхолц-Шармбек
  1. Грасберг
  2. Лилиентал
  3. Ритерхуде
  4. Шваневеде
  5. Ворпсведе
  1. Аксштет
  2. Хамберген1
  3. Холсте
  4. Либерштет
  5. Фолерзоде
1седиште на општинската заедница

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2019“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2019. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 53°15′ N; 8°50′ E / 53.25° N; 8.83° E / 53.25; 8.83