Клопенбург (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клопенбург
Cloppenburg
округ
Знаме на Клопенбург
Знаме
Грб на Клопенбург
Грб
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеКлопенбург
Површина
 • Вкупна1.418 км2 (547 ми2)
Население (31 декември 2019)[1]
 • Вкупно170.682
 • Густина120/км2 (310/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.CLP
Мреж. местоlkclp.de

Клопенбург (германски: Cloppenburg) — округ во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со окрузите Амерланд, Олденбург, Фехта, Оснабрик, Емсланд и Лер.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето во средниот век ѝ припаѓало на Грофовијата Текленбург. Потоа долго време (1400-1803) било во владение на Епископското Кнежевство Минстер. Во 1803 г. е припоено од Олденбург и останало дел од него сè до 1945 г. Округот е основан во 1933 г.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот го опфаќа западниот дел од историската област наречена Олденбуршки Минстерски крај (Oldenburgisches Münsterland), односно земјата во Олденбург која порано ја држел Минстер. Пределот е рамничарски и порано бил мочурлив, полн со рекички и потоци.

Од 1924 до 1927 г. е изградено вештачкото езеро Тилсфелде со цел да се спречат поплавите во овој крај. Денес тоа е знаменитост само по себе, со камп и младински хостел.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Како и соседниот округ Вехта, Клопенбург е познат по големоразмерното сточарство, особено по мисиркарството и свињарството. Овие два округа се нарекуваат „Свински појас“ (Schweinegürtel). Почвата е со слаб квалитет, но сточарството се развило кога започнал масовниот увоз на животинска храна. Користејќи течно ѓубриво се одгледува пченка од која се добива биогас.[2]

Грб[уреди | уреди извор]

Окружниот грб прикажува:

  • горе лево и горе десно: крстот и црвените пруги од грбот на Олденбург
  • долу лево: три листови на воден божур од грбот на Текленбург
  • долу десно: црвената и жолтата како бои на Минстер

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градовите и општините во округот Клопенбург
Градови Општини
  1. Клопенбург
  2. Ленинген
  3. Фризојте
  1. Барсел
  2. Безел
  3. Гарел
  4. Емштек
  5. Есен
  1. Затерланд
  2. Капелн
  3. Ластруп
  4. Линдерн
  5. Молберген

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2019“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2019. (германски)
  2. Wilking, Johannes und Manfred Kayser: Biogaserzeugung im Oldenburger Münsterland - Entwicklungen und Perspektiven. In: Jahrbuch für das Oldenburger Münsterland 2011. Vechta 2010, S. 196-219

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 52°50′ N; 8°00′ E / 52.83° СГШ; 8.0° ИГД / 52.83; 8.0