Биогас
Изглед
Биогас е вид биогориво во гасовита форма што се добива со анаеробно разградување или ферментација на органски материи, вклучувајќи го ѓубривото, канализацискиот талог, комуналниот отпад или кој било друг разградлив отпад. Главно се состои од метан и јаглерод диоксид. Во иднина може да биде важен извор на енергија.
Состав
[уреди | уреди извор]Метан (CH4) | 40-75 % |
Јаглерод диоксид (CO2) | 25-55 % |
Водена пареа (H2O) | 0-10 % |
Азот (N) | 0-5 % |
Кислород (O) | 0-2 % |
Водород (H) | 0-1 % |
Амонијак (NH3) | 0-1 % |
(H2S) | 0-1 % |
Енергетски значајни се само метанот и водородот. Проблематични се H2S и амонијакот, кои често пред употребата на биогасот треба да се отстранат за да не делуваат агресивно врз опремата.
Подвидови
[уреди | уреди извор]- барски гас
- гас од анаеробни постројки за преработка на отпадни води, септички јами и сл.
- гас што се добива во земјоделството (пред сè од оризовите полиња, компост, од животни - главно преживари - и сл.)
Употреба
[уреди | уреди извор]Биогасот се користи за производство на:
- топлинска енергија
- топлинска и електрична енергија (когенерација) - што е најчест случај
- топлинска енергија, електрична енергија и ладење (тригенерација) - поретко
Во мал дел се користи и кај автомобилите, главно во јавниот превоз, но со оглед дека бара претходна подготовка, сè уште тешко може да се користи како автобуско гориво.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|